Анѓеле Петрески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Анѓеле Петрески
Роден 1922 година
Ехлоец, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал април, 1945 година
Сремски фронт, Хрватска
Националност Македонец

Анѓеле Дејанов Петрески ( 1922 во Ехлоец, Кичевско1945 во Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Споменик од НОВ, во Ехлоец на кој е впишано и името на Анѓеле Петрески.

Животопис[уреди | уреди извор]

Бидејќи немал услови да се школува, почнал да се занимава со земјоделие, а потоа заминал на печалба во Белград. Уште како печалбар се определил за борба против фашистичкиот окупатор и кога се вратил во своето родно село, почнал да работи за народно ослободителното движење. Во есента 1944 година стапил во Осумнаесеттата дополнска бригада, а потоа бил распореден во Првата македонска бригада. Со Бригадата учествувал во борбите за ослободувањето на: Охрид, Кичево и Гостивар, а потоа заминал на Сремскиот Фронт, каде при еден пробој загинал во борба со Германците во април 1945 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 94.