Антон Великов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Антон Великов, псведоним: Алекси Беломорски (13 мај 1913 во Драгостин, Неврокопско, Пиринска Македонија5 мај 1975 во Софија, Бугарија) — македонски револуционер, новинар, публицист, член на Македонскиот литературен кружок и член на ВМРО (Обединета).[1][2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Насловна страна од книгата на Антон Великов "Страници од мојата биографија", издадена во Скопје, 1997 година.

Активно се вклучил во работата на организациите на македонската емиграција во Бугарија меѓу двете светски војни и во годините потоа.[2] Како член на ВМРО (Обединета) учествува во печатењето на нејзините легални и нелегални изданија.[1] Средбите со Вапцаров му дале силен творечки поттик, па и тој станал дел од Македонскиот литературен кружок во период од 1938 до 1941 година. Пред нив настапувал со реферати и свои творби.[1][3]

Се вклучил во работничкото движење и бил обвинет за илегално печатење на весникот „Младешка искра“.[3] Бил ѝ потпретседател на МЛК „Никола Вапцаров“ (1945 – 1948 година) и на МЛК на студентите од Пиринска Македонија (1950–1951 година).[2] По Војната е редовен соработник во органот на Македонскиот национален комитет „Македонско знаме“ (1945–1946).[3]

Работел како новинар во весникот „Труд“, од 1948 година па сè до неговото пензионирање во 1958 година.[2] Објавил свои раскази со македонска историска тематика во разни зборници, алманаси, весници и списанија, а издал и пет публицистички книги. Посмртно е објавен неговиот најзначаен труд „Страници од мојата биографија“ (Скопје, 1997 година).[1][3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Киселиновски, д-р Стојан; и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 98. ISBN 9989-624-46-1.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „ВЕЛИКОВ, Антон - Македонска Енциклопедија“. 2021-10-23. Архивирано од изворникот на 2021-11-19. Посетено на 2021-11-19.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 56. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Македонци во Бугарија