Ана Бренко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ана Бренко
Ана Бренко во 1870
Роден(а)7 април 1848(1848-04-07)
Владимир, Руска Империја
Починал(а)15 ноември 1934(1934-11-15) (возр. 87)
Москва, СССР
ЗанимањеТеатарска глумица, театарски претприемач, драматург, мемоарист
Активен период1873–1920
СопружникЈосиф Левенсон

Ана Алексеевна Челишчева (руски: А́нна Алексе́евна Чели́щева, 7 април 1848 година Владимир, Руска Империја - 15 ноември 1934 година, Москва, СССР) - попозната по нејзиното уметничко име Ана Бренко - била руска глумица, театарски претприемач, драмски писател и мемоарист, почестена со титулата заслужен уметник во 1924 година на РСФСР.

Биографија[уреди | уреди извор]

Бренко била роденa во Владимир во 1848 година и првично работела како учителка. Таа учела за глумица во Санкт Петербург и се омажила за музичкиот критичар Јосиф Левенсон.[1]

Откако се прославила во театарот „Мали" во Москва, каде организирала концерти за да собере средства за прогонетите во Сибир. Банкарот Мелкиел ги поддржал нејзините планови и го започнал првиот руски приватен театар во 1880 година (официјално именуван како Драмски театар АА Бренко, но популарно познат како Пушкин театар - од причина што се наоѓал близу до плоштадот Пушкин).[2] Бренко исплаќала многу поголеми плати, инсистирала на нова сценографија и тринеделни проби за продукции кои вклучувале дела од Вилијам Шекспир и Александар Островски.[1]

Бренко ги споделувала нејзините одлуки со глумците Модест Писарев и Василиј Андреев-Бурлак, иако таа го имала последниот збор. Бренко ја водела уметноста поради што ја искористувале и други глумци и режисери. Театарот се затворил од финансиски причини во 1882 година (подоцна ќе го купи претприемачот Фјодор Корш).

Бренко продолжила да предава драма (во нејзиниот театарски колеџ помеѓу 1890 и 1905 година) и во 1915 година го отворила бесплатниот Работнички театар каде што биле продуцирани 25 претстави во текот на две години.

Во 1917 година, Бренко не само што ја прифатила Октомвриската револуција, туку се придружила во 69-та година од животот во Црвената армија и настапувала заедно со некои од глумците во нејзината театарска група, на борбените фронтови.

Публикации[уреди | уреди извор]

Бренко е автор на четири претстави (1883–1916) и шест книги мемоари (1924–1933).[3][4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Laurence Senelick (13 August 2015). Historical Dictionary of Russian Theatre. Rowman & Littlefield Publishers. стр. 75–. ISBN 978-1-4422-4927-1.
  2. Catherine Schuler (17 June 2013). Women in Russian Theatre: The Actress in the Silver Age. Routledge. стр. 115–122. ISBN 978-1-136-15597-0.
  3. Анна Алексеевна Бренко at the Krugosvet Online Encyclopedia // Энциклопедия Кругосвет
  4. The Russian Theatre's Hisrotry. Театр и его история. Анна Алексеевна Бренко.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]