Анастасија Димовска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димовска Анастасија
Познат еден од најеминетните хистолози кај нас и пошироко
Занимање унив. професор, хистолог

Димовска Анастасија (4 октомври 1928, во Кичево) — македонски хистолог и универзитетски професор.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Основното и средното образование го завршила во Скопје. Во учебната 1948/49 г. се запишала на Филозофскиот факултет во Скопје (Група биологија). Во текот на студиите била демонстратор на Зоолошкиот завод. Во 1953 г. е избрана за асистент. Докторската дисертација ја одбранила во 1965 г. Во 1966 г. е избрана за доцент, во 1972 за вонреден професор, а во 1978 за редовен професор. Пензионирана е во 1988 г. Изведувала настава по предметите цитологија на животни и хистологија и ембриологија со анатомија на човекот. Престојувала во повеќе реномирани хистолошки лаборатории во земјава и во странство. Таа е еден од најеминетните хистолози кај нас и пошироко. Автор е на повеќе од 50 научни трудови.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Бучим“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 231. Text "series " ignored (help)