Александар Костоглод

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Медали
Кану спринт мажи
Летни олимписки игри
Сребро 2004 Атина C-2 1000 m
Сребро 2008 Пекинг C-2 500 m
Бронза 2004 Атини C-2 500 m
ИКФ Светски Кану Спринт Шампионати
Злато 1994 Мексико Сити C-4 200 m
Злато 1998 Шегед C-2 1000 m
Злато 1999 Милан C-2 1000 m
Злато 2002 Севиља C-4 200 m
Злато 2005 Загреб C-4 200 m
Злато 2006 Шегед C-2 500 m
Сребро 1993 Копенхаген C-4 500 m
Сребро 1993 Копенхаген C-4 1000 m
Сребро 1997 Дартмуд C-4 1000 m
Сребро 2003 Гејнесвил C-2 1000 m
Сребро 2009 Дартмуд C-4 200 m
Бронза 1997 Дартмуд C-4 500 m
Бронза 1998 Шегед C-4 200 m
Бронза 1998 Шегед C-4 500 m
Бронза 1999 Милан C-2 500 m
Бронза 2001 Познан C-4 200 m
Бронза 2002 Севиља C-2 500 m
Бронза 2010 Познан C-2 500 m
Дисквалификуван(а) 2003 Гејнесвил C-2 500 m
Дисквалификуван(а) 2003 Гејнесвил C-4 200 m
Дисквалификуван(а) 2003 Гејнесвил C-4 500 m

Александар Викторович Костоглод (руски: Александр Викторович Костоглод, роден 31 мај 1974 во Ростов-на-Дон)руски кану-спринтер кој што се натпреварува од раните 1990-ти. Натпреварувајќи се на четири Летни олимписки игри, тој освои трии медали од кој два сребро на Летните олимписки игри 2004 (дисциплини:Ц-2 1000 метри и Ц-2 500 метри) и еден бронзен медал на Летните олимписки игри 2008 (дисциплина:Ц-2 500 метри). Костоглод бил шампион на ИКФ Светските Кану Спринт Шампионати во категорија Канадски стил.

Костоглод започна со тренирање на четиринаесет години, по сугестии на пријател на неговата фамилија и двојниот светски шампион Владимир Ладоша. За една година тој стана шампион на СССР во категоријата на неговите години. На 18 години тој беше сениорски национален шампион и се натпреваруваше на Летните олимписки игри во Барселона, тој беше разочаран со своето десето место во дисциплината Ц-1 1000 метри, но оттогаш призна дека како млад тој се потпирал само на својата природна сила, а тоа било главниот недостаток на техника.

Тој ја освои својата прва од шест златни медали на 1994 ИКФ Светските Кану Спринт Шампионати на 20 години во Мексико Сити. На 1998 ИКФ Светските Кану Спринт Шампионати, заедно со Максим Опалев ја претставуваа Русија во дисциплината Ц-1, Костоглод беше заедно во тим со Александар Ковалјов во дисциплината Ц-2. Овој пар беше многу успешен, освојувајќи две последователни Светски Кану Спринт Шампионати во дисциплината 1000 метри во 1998 и 1999. Неговите други три златни медали беа во дисциплината Ц-4. Трите медали што Костоглод ги освои на Светскиот Кану Спринт Шампионат 2003, му беа одземени заради тоа што неговиот совеслач Сергеј Улегин на тест допингот покажа дека е позитивен.

Сепак, без дисциплината Ц-4 на својот распоред, Олимписките медали беа неостварливи за него. На Летните олимписки игри 2008 тој го освои само четвртото место во финалето на дисциплината Ц-2 1000 метри, губејќи медал за само 0,14 секунди. На Летните олимписки игри 2004 тој освои два медали:

  • сребро - дисциплина Ц-2 1000 метри
  • бронза - дисциплина Ц-2 500 метри

Во 2006, Костоглод и Ковалјов завршија на петото месо на Европскиот Шампионат и шесто на 2006 ИКФ Светските Кану Спринт Шампионати во дисциплината Ц-2 1000 метри. Во дисциплината Ц-2 500 метри неговиот совеслач беше заменет со Улегин. Заедно тие стана светски шампиони, завршувајќи со предност од само една секунда пред нивните противници, германицте Роберт Нук и Стефан Холтз, во двете финалиња.

Костоглод е висок 185 цм и тежок 93 килограми.

Наводи[уреди]