Актинобактерии

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Actinobacteria
СЕМ на Actinomyces israelii.
Научна класификација
Домен: Bacteria
Колено: Actinobacteria
Маргулис
Класа: Actinobacteria

Актинобактериите (латински: Actinobacteria) образуваат група на грампозитивни бактерии со висока содржина на GC.[1][2] Можат да бидат копнени или водни форми.[3]

Одлики[уреди]

Колонии од актинобактерии на материјал богат со лигнин (од компост). Тие се налик на габи и имаат бела боја.

Тука се вклучени некои од најчестите почвени, слатководни и морски организми, кои играат важна улога во разградувањето на органските материи, како целулозата и хитинот, што ги прави витален дел во јаглеродниот циклус. На овој начин се обновуваат достапните хранливи минерални состојки во почвата, а се создава и хумус. Останатите актинобактерии ги населуваат растенијата и животните, каде има и неколку патогени (на пример, Mycobacterium, Corynebacterium, Nocardia, Rhodococcus и неколку видови од родот Streptomyces).

Актинобактериите се познати по производството на секундарни метаболити, па затоа се предмет на интерес за фармакологијата и индустријата. Во 1940, Селман Ваксман открил дека почвените бактерии кои тој ги проучувал произведувале актиномицин (вид антибиотик), поради што добил Нобелова награда. Оттогаш кај почвените микроорганизми се откриени илјадници природни антибиотици (кои не се добиени по синтетски пат), особено од родот Streptomyces.

Некои актинобактерии образуваат разгранувачки филаменти кои на некој начин наликуваат на мицелиите на несродните габи, поради што првобитно тие беа класифицирани под името актиномицети. Повеќето членови се аеробни, но неколку, како Actinomyces israelii, можат да растат и во анаеробни услови. За разлика од Firmicutes (другата поголема група на грампозитивни бактерии), овие имаат ДНК со висока содржина на GC, а некои актиномицетни видови даваат надворешни спори.

Одредени видови на актинобактерии (како на пример Streptomyces griseus) се одговорни за мирисот на почвата по орање или по дождливо време, главно во потоплите климатски подрачја.[4]

Систематика[уреди]

Култура на Streptomyces sp. израсната со нанесување на вода од славина на агар. Се забележуваат разгранетите филаменти, многубројните аерални мицелии и долгите ланци од мали спори.

Поткласите и редовите на актинобактерии се:

Поважни родови[уреди]

Повеќето актинобактерии кои се важни од медицински или економски аспект се наоѓаат во поткласата Actinobacteridae, ред Actinomycetales. Додека многу од нив предизвикуваат заболувања кај луѓето, родот Streptomyces е важен извор на антибиотици.

Од актинобактериите кои не се наоѓаат во Actinomycetales, Gardnerella е најистражувана. Нејзината систематика е контроверзна, при што MeSH ја класифицира и како грампозитивна, и како грамнегативна бактерија.[5]

Секвенционирани (или во фаза на секвенционирање) се 44 геноми од актинобактерии.

Наводи[уреди]