Грампозитивни бактерии

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грампозитивната бактерија Bacillus anthracis (виолетови стапчиња) во примерок од цереброспинална течност. Другите клетки се леукоцити.

Грампозитивните бактерии претставуваат бактерии чиј клеточен ѕид се обојува со кристал-виолетови бои кои се користат при боењето по Грам. Најчесто кратко се означуваат како Gr (+).

Клеточен ѕид[уреди]

Грампозитивниот клеточен ѕид се карактеризира со присуството на многу дебел пептидогликански слој кој е одговорен за задржувањето на кристал-виолетовите бои за време на процедурата на боење по Грам. Застапен е исклучиво кај организмите кои припаѓаат во групата на Actinobacteria (или високопроцентни G+C грампозитивни организми) и кај фирмикутите (или нископроцентни G+C грампозитивни организми). Бактериите во групата на Deinococcus-Thermus исто така можат да се изложат на грампозитивно боење, но тие содржат и некои структури на клеточниот ѕид кои се типични за грамнегативните организми. Во грампозитивниот клеточен ѕид се вметнати полиалкохоли наречени теихојни киселини, од кои некои се поврзани со липидите и градат липотеихојни киселини. Бидејќи липотеихојните киселини се ковалентно поврзани со липидите во рамките на цитомембраната, тие се одговорни за поврзувањето на пептидогликанот за цитомембраната. Теихојните киселини му даваат на грампозитивниот клеточен ѕид целокупно негативен полнеж поради присуството на фосфодиестерски врски помеѓу мономерите од теихојна киселина.

Надворешни врски[уреди]