Ака (планина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ака
Áhkká
Akka mountain.jpg
Поглед на Ака од езерото Акајауре
Надм. вис. 2,016 м 
Истакнатост 1,105 м
Превод „баба“
Местоположба
Место Лапонија
Венец Скандинавски Планини
Координати 67°35′ СГШ 17°29′ ИГД /  (Стуртропен)

Ака (луле-лапонски: Áhkká = „баба“, шведски облик: Akka) е планински масив во југозападниот агол на националниот парк Стура Шефалет во северна Шведска.

Масивот има единаесет поединечни врва, од кои највисок е Стуртопен (2.016 м), и со тоа осми по висина во Шведска. Најкарактеристична одлика на планината е вертикалниот спуст од 1.563 м, од највисокиот врв до езерото Акајауре во долината Руотесваге (надм. вис. 453 м). Ова е највисокиот вертикален спуст во Шведска. Бидејќи водостојот на езерото под планината зависи од локалната хидроелектрана, површината може да се спушти до 423 м, што значи дека тогаш спустот изнесува 1.593 м. Планината има импресивен изглед поради големите разлики во висината, изолираноста и компактноста на масивот, и затоа го носи прекарот „Кралицата на Лапонија“. Според лапонските преданија, ова е света планина и предизвикува стравопочит и чувство на таинственост кај присутните[1].

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Галерија[уреди]