Аватар (филм од 2009)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Аватар (Avatar)“
Avatar1.jpg
Официјален постер
Режирано од Џејмс Камерон
Продуцент Џејмс Камерон
Сценарист Џејмс Камерон
Настапуваат Сем Вортингтон
Зои Салдана
Мишел Родригез
Сигурни Вивер
Кинематографија Маури Фиоре
Дистрибутер 20th Century Fox
Премиера 10 декември 2009 Обединето Кралство Обединето Кралство
Времетраење 162 мин.
Држава Flag of the United States.svg САД
Јазик англиски
Буџет $237 милиони
Бруто заработка $2,204,693,000[1][2]

Аватар (некогаш познат и како Аватар на Џејмс Камерон, а во 3-Д светот познат како Аватар: IMAX 3D искуство[3], Шаблон:Jez-eng) е епски филм научнофантастичен филм на режисерот Џејмс Камерон. Аватар спаѓа во еден од најочекуваните филмови во првата деценија на новиот милениум, а со буџетот во износ од 237 милиони долари, спаѓа во најскапите филмски проекти на сите времиња[4].

Аватар е дело на Камерновата продуцентска куќа Лајтсторм ентeртејнмент. Дистрибуцијата на филмот ја работи Фокс, а светската премиера беше на 16 ноември 2009. [5], чие прикажување беше во 2Д и 3Д техника, како и во IMAX 3Д само во посебни кино центри.

На својата премиера, Аватар заработи од продажбата на картите милиони долари, соборувајќи ги сите рекорди за еден оригинален филм. Филмот достигнува рекордна гледаност и огромна заработка, влегувајќи во листата на најпрофитабилни филмови некогаш снимени. Критичарите го фалеа филмот и посебно ги истакнуваа неговите компјутерски ефекти. Номиниран е за голем број награди, вклучувајќи и Златен глобус и Оскар, а добитник е и за Златен Глобус во категоријата за “најдобар филм“, а и за неговото остварување за “најдобар режисер“.

Кратка содржина[уреди]

Џејк Сали (Сем Вортингтон) е поранешен маринец, ранет во претходни борби на Земјата и парализиран од половината надолу. Тој е одбраниот да учествува во програмата Аватар што ќе му овозможи повторно да прооди. Џејк патува на Пандора, вонземна месечина прекриена со џунгли, која му е дом на Нејви, чувствителен хуманоид, физички многу посилен од луѓето, иако се чини примитивен. Висок три метри, со опаш и со блескава сина кожа, Нејви живее во хармонија на недопрениот свет. Луѓето, не можејќи да дишат на Пандора, создаваат генетски хибрид - Аватар - контролиран од човечка технологија. Џејк ќе прооди на Пандора низ неговото ново Аватар тело. Но, запознавајќи ги најблиските на Нејви, Џејк ќе се најде во дилема на чија страна да застане во епската битка која треба да одлучи за иднината на светот.

Извори[уреди]

  1. „Avatar (2009) – Box Office Mojo“. „Box Office Mojo“. Internet Movie Database. http://www.boxofficemojo.com/movies/?id=avatar.htm. конс. 6 февруари, 2010. 
  2. „Avatar“. „The-Numbers“. Nash Information Services. http://www.the-numbers.com/movies/2009/AVATR.php. конс. 26 јануари, 2010. 
  3. Аватар, IMDb
  4. Филмскиот буџет, Њујорк Тајмс
  5. Датуми на емитување на Аватар, IMDb

Надворешни врски[уреди]