Џуџест пинчер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Џуџест пинчер (Zwergpinscher, Min Pin) е мала раса на кучиња од сортата Пинчер, со земја на потекло Германија. Џуџестиот пинчер прво бил создаден за лов на глодари, особено глувци. Pinsher, на германски значи териер, а Zwerg значи џуџе. Џуџестиот пинчер исто така е познат и како “Крал на малите кучиња”. Меѓународниот клуб на кучиња, Меѓународна федерација на кучиња, го групира Џуџестиот пинчер во Група 2, отсек 1.1 Пинчер, заедно со Доберманот, Германскиот пинчер, Австриски пинчер и другиот мал пинчер, Афенпинчер.[1] Други клубови на кучиња го групираат Џуџестиот пинчер во Малата група или во Групата на придружници.

Опис[уреди]

Изглед[уреди]

Првобитниот Џуџест пинчер бил покрупен отколку денешното прочистено куче. Неговото крзно било погрубо и кучето било помалку чисто. Чистиот изглед на денешното куче е резултат пред сè на многу кои што не обрнувале доволно внимание за да сфатат дека расата била работничко куче, а не мало куче. Природниот изглед многу му се изгубил за време на годините кога е одгледуван како мало кучие, денешниот Џуџест пинчер. Џуџестиот пинчер има многу долги нозе, и мало тело, што понекогаш изгледа смешно. Како резултат на еластичното и агилното тело на џуџестиот пинчер, тие можат да се свиткаат во скоро секоја позиција и скоро секогаш да им е удобно.

Големина[уреди]

Обично, Џуџестиот пинчер е висок 25cm до 32cm, пожелната висина е 28cm до 30cm мерени на гребенот. Ако Џуџестиот пинчер е под 25cm или над 32cm, тогаш е дисквалификуван.

Крзно и боја[уреди]

Крзното е кратко и мазно, со бои, според стандардите кај повеќето раси, кои варираат во црвена, светло црвена, црна, чоколадна со посветли или црвенкасти делови, покрај сината и кафеавата боја. Тие со сино крзно се признати во клуб на кучиња на Велика Британија. Може да се регистрираат во Американскиот клуб на кучиња, но не можат да се појавуваат на изложби. Тие сепак имаат предност од сите други аспекти на АКК. Најчесто, Џуџестиот пинчер има скратена опашка и скратени уши, но сепак АКК веќе не бара скратени уши за на изложби. Стандарот на АКК бара карактеристичен òд: “ високо- стапнување, достигнување, слободен и лесен òд каде што предните нозе се движат право нанапред и пред телото ногата се витка кај зглобот. Кучето чекори со леснотија и цврсто во задниот дел. Главата и опашката се нагоре". Стандарот во Европа не бара високо стапнување, бидејќи првобитниот Џуџест пинчер (zwergpinscher) не одел со ваков стил. Во Европа и Германија òдот со високо стапнување се смета за грешка. Џуџестиот пинчер повремено има мала бела дамка, обично поставена на вратот или во пределот на градите. Ова го поврзува директно со првобитната боја на расата. Првобитниот Џуџест пинчер бил со шарено крзно, како што јазовичарите се наоѓаат со шарена или во светло-обоена варијанта, како на пример Германската дога. Белиот ген е дел од минатото на оваа раса. Иако многу одгледувачи со години пробувале да го отстранат овој ген, тој е прифатен е од АКК и може да се гледа доколку делот обоен со бело не е поголем од 1.3 cm во должина.

Темперамент[уреди]

Џуџестиот пинчер е енергично, разиграно и пријателско куче, кое живее за интеракција со сопственикот. Тие се многу верни кучиња и се типично карактеризирани како “куче за еден или двајца сопственици”, а со социјализација, тие можат да бидат обединети со фамилиите и да се согласуваат со други кучиња, миленици и деца. На децата, посебно помалите, треба да им се каже да се однесуваат нежно и одговорно покрај овие мали раси, за да не дојде до повреди. Социјализацијата уште кога се кученца ќе помогне за да коегзистираат и да се дружат до други кучиња кога ќе бидат возрасни. Џуџестиот пинчер е дружељубив, респонзивен и паметен. Тие се резервирани со луѓе кои што никогаш не ги виделе и се многу заштитнички настроени спрема нивните спопственици. Овој заштитннички инстинкт се манифестира преку лаење и предизвикувачко држење. Иако првобитната раса била создадена со намера за лов на стаорци, тие исто така се многу добри кучиња чувари, лаат кон сите нешта за кои сметаат дека се опасни. Овие мали кученца бараат многу вежбање секој ден. Пожелно е да се има двор за да имаат простор за трчање, но мора да биде сигурно заграден затоа што оваа раса е како куче-Худини кога станува збор за бегање.[1] Расата спаѓа во групата на "териер", а не во "мали раси", па како такви нивното ниво на енергија често е многу поголемо од традиционалниот концепт за стандардно мало куче. Секојдневните прошетки не се доволни за оваа раса да ја потроши нивната енергија. Сепак, парковите за кучиња можат да бидат добро решение, иако вистинскиот Џуџест пинчер, по природа териер, може да почне да лови во секој момент, така што да биде без ланец е вистински предизвик за оваа раса. Оваа куче не се смета себе си како мало, па затоа ќе предизвика секого, дури и поголеми раси. Расата е рангирана како 3та најлоша раса за чување во станови, поради недостаток од вежби, а исто така и природните инстинкти за чување, што го тераат кучето да лае и има многу поплаки за врева. Освен тоа, дома можат да бидат многу деструктивни ако кучето нема доволно време да ја истроши неговата енергија, која е потисната кога нема слободен заграден двор. Овие кучиња се поволни за стан само ако имаат редовни вежби. Мора да има дневна прошетка од најмалку 45 минути за да може ова куче да се чува во стан.

Нега[уреди]

  • И покрај тоа што расата не е лоша со деца, многу грижа треба да се даде за воспитување на млади за правилно играње и однесување. Кучињата се прилично силни за нивната големина, но можат лесно да се повредат за време на груба игра со дете. Исто така, нивниот наелектризиран темперамент им дава мало трпение за вакви груби игри.
  • Тимарење е лесно, мазното кратко влакно бара малку внимание. Нега мора да се врши во поладно време, кога крзното не нуди скоро никаква заштита од ладното.
  • Поради нивниот инстинкт да ловат глодари, посебна грижа мора да се посвети за спречување на Џуџестиот пинчер да “нападне” мали предмети, како на пример капаче од шише, затоа што можат да се задават.
  • Џуџестиот пинчер е склон на прејадување и треба нивната диета да се контролира, со што ќе се спречи прекумерна телесна тежина.
  • Оваа раса има незаситена љубопитност, така што најдобите играчки за Џуџестиот пинчер се тие што ќе ја стимулираат нивната љубопитност. Овде се вклучени играчките кои што можат да се движат или да испуштаат звуци. Џуџестите пинчери уживаат да имаат ваква колекција на играчки, кои што ќе ги кријат и ќе ги преместува од едно на друго место. Сепак, Џуџестите пинчери ќе ги гризат и неизбежно ќе пробуваат да ги изедат нивните играчки, така што играчки од гума и пластика треба да се избегнуваат. Мали плишани животни, јажиња и интерактивни играчки кои што поставуваат предизвик се добри играчки. Играчки за мачки (што не го содржат растението Neptea Cataria) се исто така поволни. Џуџестите пинчери се територијални, па поради тоа треба да им се овозможи нивно приватно место за да се одмараат и спијат. Сепак, тие ќе најдат посебно место во куќата каде што ќе спијат кога има луѓе во собата. Тие повеќе сакаат да спијат над и под меки предмети, па затоа треба да им се обезбеди мало ќебе. Доколку сопствениците го делат креветот, навечер вратите треба да се затворени, затоа што џуџестите пинчери ќе се качат на креветот и ќе легнат под покривката. Треба да се внимава не сакајќи да не се повреди Џуџестиот пинчер додека спие под покривката.
  • Поради нивото на енергија на оваа раса, важно е да се обезбеди сигурно заграден двор. Џуџестите пинчери треба редовно да вежбаат. Освен тоа, во јавноста овие кучиња треба да се носат на ланец, затоа што е природно за оваа раса да почне да брка нешто ако му го одземе вниманието.Можат да бидат многу љубоморни на други миленичиња, затоа што сакаат да имаат свој простор.

Историја[уреди]

Џуџестот пинчер не е "Џуџест доберман", иако овие две раси се слични на изглед. Тој датира пред Доберманот. Иако Џуџестиот пинчер се појавувал на слики и скулптури пред неколку века, вистинската документација за оваа раса започнува во 1836 година со записите на д-р. Рајихенбах Доберман Пинчерот бил изведен од страна на Карл Фредерих Луј Доберман во 1880 година. Се верува дека Доберман го употребил Германскиот пинчер во засновање на неговата раса, Доберман соопштил дека ќе напрви куче кое е слично со Џуџестиот Пинчер "Zwergpinscher", но 15 пати поголем. Во 1895, Клубот на пинчери и шнауцери официјално го признале Пинчерот на Доберман. Недоразбирањето во САД дека Џуџестиот пинчер е “Џуџест доберман” се појавило затоа што Доберман пинчер е воведен во САД пред Џуџестиот пинчер. Џуџестиот пинчер бил изложен на АКК изложби во 1919. Во тоа време, поради незнаење дека официјално во Германија е познат како Zwergpinscher (џуџест пинчер), АКК го зела предвид како “Пинчер” и го ставила во мешана категорија. Сè до 1929 (година која официјално е воведена расата во АКК), без да знаат дека е вистинска раса на Териер, било одлучено официјално да го стават во класификација на Мали раси. За несреќа, описот на АКК, дека кучето "мора да настапи како "Џуџест доберман", наведува до денешното недоразбирање дека оваа раса е “Џуџест доберман пинчер”. Првобитното има на оваа раса во САД било “Пинчер”, сè до 1972 година, кога името официјално било сменето во Џуџест пинчер. Во 1836 година (најстарата документација на Џуџест пинчер), после долги години изучување на оваа раса, д-р Рајхенбах утврдил дека Џуџестиот пинчер бил добиен од вкрстување на Јазовичар со мазно крзно (во тоа време најомилена германска раса со оддлична вештина за ловење на глодари) со Италијански 'рт. Ова е единствена документација за потеклото на Џуџестиот пинчер (Многу веруваат дека Германскиот (дојчер) пинчер бил користен за парење, но, за жал, ова не е точно бидејќи расата е добиена од чиста несреќа во 18ти век, кога стандардните шнауцери со остро влакно почнале да раѓаат кучиња со мазно крзно). Вкрстувањето со Италијанскиот 'рт, ја направило расата брз ловец на глодари, како што оваа раса примарно со користела на фарми, каде што на поле е потребно брзо куче за да ги лови глодарите. Првобитните Џуџести пинчери не биле кучиња за дома, туку тоа било работна раса оставена во шталата, со минимален контакт со човекот, како и денешните диви мачки што се наоѓаат на фармите. Ова створило единствен независен карактер во расата која трае сè до ден денес. Исто така мора да се напомене дека зборот “пинчер” на германски не значи “териер”. Зборот “териер”, исто како и “сетер”, се однесува на на чинот која што расата функионира. Германскиот збор “пинчер” се преведува како"касач”, или начинот на којшто каса кога го напаѓа пленот.

Види исто така:[уреди]

  • Affenpinscher
  • Companion dog
  • Companion Dog Group
  • Toy Group
  • Doxie-Pin

Наводи[уреди]

1. ^ Fédération Cynologique Internationale Group 2 [2]