Џони Вокер

Од Википедија — слободната енциклопедија

Џони Вокер (англиски: Johnnie Walker) бренд е шкотски виски кој го произведува Дијаџио, а потекло води од Килмарнок, во Шкотска. Тој е најраспространетиот вид на виски во светот, со пазар скоро во секоја земја, со годишна продажба од преку 130 милиони шишиња.[1][2]

Историјат[уреди | уреди извор]

Johnnie Walker

Првобитно познат како Вокеров Килмарнок виски, Џони Вокер бренд оставил наследство на Џони Вокер откако започна да продава виски во своите продавници во Ајшир, во Шкотска. После неговата смрт во 1857 година, неговиот син Александар Вокер и внукот Александер Вокер II продолжиле со производство и дистрибуција, и тие се заслужни за популарноста која овој бренд ја достигнал. За животот на Џони Вокер, продажбата на виски е претставувала осум одсто приходите на фирмата. Во време кога Александар оди во пензија и им ја препуштил својата фирма на синовите, таа цифра пораснала на измеѓу 90 до 95 отсто од приходите.

Во В.Британија сè до 1860 година, било илегално продавана мешано виски. За тоа време, Џони Вокер продавал голем број на чисто виски, вклучувајќи и значаен број Вокеровог Килмарнок. Во годината 1865, Џоновиот син, Александар, го произвел првото мешано виски, Вокеров Стар Хајленд.

Александар Вокер ја претставил карактеристичната џокастата боца во 1860 година. Тој првенствено направил од практичните причини, бидејќи биле повеќе такви шишиња можело да престојуваат во истата просторија, а и број скршени амбалажи се смалило. Исто така, уште една препознатлива одлика на шишињата од овој вид виски била налепница, која е поставена под агол од 24 степени во однос на х-оска, и овозможува како фондот на текстот би бил поголем, а истовремено и видлив на шишињата.

Во периодот од 1906 до 1909, Џоновите внуци, Џорџ и Александар II ја прошириле линијата од повеќе имиња на виски по бојата. Годината 1908, додека бил Џејмс Стивенсон генерален директор, дошло до редеформирање на врстата. Виски бил преименуван од Вокеров Килмарнок виски во Џони Вокер виски. Поради тоа, во тоа време настанува насловот Роден 1820—тата понатаму цврсто оди! како и логото, човек со стап и цилиндар кој чекори, со препознатливот лик кој останал во употреба до денешен ден.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Johnnie Walker Blue Label 70cl[мртва врска], Џони Вокер сина ознака 70cl, -{enotriacoe.com}-. Пристапено 9 август 2016
  2. Blend – Johnnie Walker Архивирано на 19 февруари 2018 г., -{pubhighlander.com}-. Пристапено 9 август 2016