Љубомир Шукаров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љубомир Шукаров
Роден 2 октомври 1919
Велес, Кралство Југославија
Починал 6 април 2018(2018-04-06) (возр. 98)
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање гинеколог-акушер, универзитетски професор

Љубомир Шукаров (2 октомври 1919 во Велес6 април 2018 во Скопје) — македонски гинеколог-акушер и универзитетски професор на Медицинскиот факултет во Скопје.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Шукаров завршил Медицински факултет во Софија во 1944 година, а специјализирал гинекологија и акушерство во 1951 година во Загреб и во Скопје. Хабилитирал на темата „Проблем на цервицитисот и некои заразувања во врска со интрацервикалната инфилтрација со антиобитици“ во 1957 година.

Бил директор на Гинеколошко-акушерската клиника во периодот 1968-1973 и проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Се усовршувал во познати центри во Европа. Промотор е на супспецијалистичката ориентација на Клиниката и вовел нови дијагностички и терапевтски методи што довело до подигнување на стручното ниво, научноистражувачката и публицистичката дејност.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шулајковски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1664. Text "series " ignored (help)