Љубомир Гајдов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љубомир Гајдов
Роден 13 март 1943
Скопје, Македонија, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање Новинар
Татко Стефан Гајдов

Љубомир Гајдов (роден на 13 март 1943 година во Скопје) — новинар, долгогодишен дописник, уредник и надворешно политички коментатор на МРТ, стручњак и предавач од областа на корпоративното управување, етика, меѓународните односи, образованието и филозофијата.

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнува од интелектуално семејство. Неговиот татко е познатиот македонски композитор Стефан Гајдов, а неговиот дедо по мајчина линија студирал заедно со австроунгарскиот крал и бил 20 години претседател на Хрватскиот сабор. Студирал на Градежниот и Филозофскиот факултет во Скопје, каде завршил и Магистерски студии по философија на менаџерството, а докторирал на универзитетот Беркли во САД. Бил меѓу главните иницијатори за изградба на првиот европски музеј на холокаустот во Скопје.

Работен век[уреди | уреди извор]

Својата новинарска кариера ја започнал во тогаш новоформираниот дневен весник „Вечер“ непосредно по големиот скопски земјотрес во 1963 година. Бил известувач и коментатор од големи светски настани, кои ја смениле светската историја особено крајот на Студената Војна и стекнувањето на независноста и приемот на Македонија во ООН, долгогодишен новинар на МТВ и Радио Скопје, направил голем број интервјуа и учесник на голем број дебати во текот на својата шеесетгодишна новинарска кариера. Во 2018 година станал добитник на наградата за животно дело на Здружението на новинарите на Македонија[1]. Покрај новинарството, професионално е активен и како предавач по предметите Корпоративно управување, Корпоративна етика, Новинарство и Меѓународни односи на Правните факултети во Скопје и Штип, a е потпретседател и на Македонското филозофско друштво и е активен во шахот, при што бил Секретар на Шаховски сојуз на Македонија каде бил со-организатор на 20. Шаховска олимпијада (машка и женска) во Скопје каде бил и комесар на Конгресот на Маѓународната шаховска федерација (ФИДЕ), и со-организатор на Меѓународен шаховски турнир „Средби на солидарноста“.

Покрај новинарството, долги години и сѐ уште активно работи и како менаџерски консултант за Организациски развој и трансформација, управување со промените, парадигма и нејзината промена, школа за лидери и менаџери, лидерски процес, развој на мисија, визија и систем на вредности, деловна/корпоративна етика, организациска култура, развој на човечкиот талент, тимска работа, градење комплементарни лидерски тимови, препознавање и решавање проблеми, управување со времето, преговарање, наградување, ефикасни состаноци, развој на бизнис план, развој на маркетинг и медиски планови.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [„Код“, Атанасова Точи и Љубомир Гајдов добитници на наградите на ЗНМ (mkd.mk) „Импресум / Редакција“] Проверете ја вредноста |url= (help). Архивирано од изворникот 2018-02-28. Посетено на 2023-11-03.