Љубе Стојановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љубе Стојановски
Роден 1926 година
Чучер, Скопје, Македонија
Починал 12 април, 1945 година
Илинци, Србија
Почивалиште Гробиштата во Чучер.

Љубе Младенов Стојановски ( 1926 во Чучер, Скопско12 април 1945 во Илинци, Србија) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]

Спомен плоча на сите загинати борци во НОВ од селото Чучер-Сандево, меѓу кои и Љубе Стојановски

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршил основно училиште, па се занимавал со земјоделство, но бидејќи од него не можеле да се исхранат, продолжил да бара и друга дополнителна работа.[1] По доаѓањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада на скопскиот терен, стапил во нејзините редови. Учествувал во борбите против балистите на падините на Скопска Црна Гора. Подоцна бил учесник и во другите борби против балистите и Германците, а по ослободувањето на Македонија и во акциите за ликвидирање на одметнатите балистички банди на Косово. Откако Бригадата ја извршила успешно оваа задача, заминала во Срем. На 12 април 1945 година во една од многубројните борби, загинал кај селото Илинци. Неговите посмртни останки биле пренесени и закопани на селските гробишта во Чучер.[1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 119. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 Стојановски - Цоњче, Бојко (1999). Скопско црногорие: од Бразда до Брњарци - III Книга. Скопје: "Гоце Делчев". стр. 95. ISBN 9989-35-022-1.