Јелена Аргир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јелена Аргир
Родена Јелена (Ели) Костова Аргир(овска)-Наумова
Позната работничка, борец и политички раководител во НОАВМ

Јелена Аргир (псев. Илинка; 16 февруари 1921 во Крушево) — македонска работничка, борец и политички раководител во НОАВМ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Јелена Аргир е родена во Крушево, каде била активен член на Друштвото „Есперанто“. Како заменик-политички комесар на чета во Крушевскиот НОПО „Питу Гули“ (од јуни 1942), бугарскиот Воен преки суд во Прилеп ја осудил во отсуство на 15 години затвор (22 ноември 1942). Извесно време била борец и политички раководител во Мавровско-кичевскиот НОПО, НО баталјон „Мирче Ацев“, Втората македонска НОУБ (заменик-политички комесар) и ополномоштеник на ОЗНА во Четвртата дивизија на НОВЈ. Носител е на Партизанска споменица 1941 и повеќе одликувања.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Јелена Аргир“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 79. Text "series " ignored (help)