Ѓорѓи Војтех

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ѓорѓи Војтех бил скопски големец кој кренал востание против Византија во 1072 година. Нему му се придружил и синот на Михајло и подоцнежен наследник на Дукљанскиот трон, Константин Бодин кој впрочем бил прогласен за цар под името Петар. Востанието на Ѓорѓи Војтех, наредната 1073 година, било задушено поради тешкиот пораз што го претрпела македонската востаничка војска кај Костур при нивниот продор јужно кон Тесалија.

Востанието[уреди]

Востанието прво се дигнало во Скопје. Востаниците побарале помош од зетскиот кнез Михаило, кои бил во роднински врски со цар Самуол. Тој го испратил неговиот син Константина Бодин со 300 војници. Македонските востаници се упатиле кон Призрен, каде го прогласиле за цар. Оттаму се упатиле кон Македонија. Биле ослободени Скопје, Охрид и Преспа. На север од Македонија, востанициите го ослободиле Косово и Нишката област. Поразот на востаницката војска кај Костур ги натерала востаниците да се повлекуваат. По ослободувањето на Скопје од Византија, Ѓорѓи Војтех се упатил кон Косово, кај Бодин. Во ресавацката битка, востаниците биле поразени. Водачот на востанието Ѓорѓи Војтех и Бодин биле заробени, а Македонија повторно подпаднала под византиска власт.