È (Кирилица)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Е со надреден знак
Cyrillic letter Ie with grave.png
Кирилица
А Б В Г Ґ Ѓ Д
Ђ Е Ё Є Ж З Ѕ
И І Ї Й Ј К Ќ
Л Љ М Н Њ О П
Р С Т Ћ У Ў Ф
Х Ц Ч Џ Ш Щ Ъ
Ы Ь Э Ю Я    
Старословенски букви
Ҁ Ѹ Ѡ Ѿ Ѻ Ѣ ІА
Ѥ Ѧ Ѫ Ѩ Ѭ Ѯ Ѱ
Ѳ Ѵ Ѷ
Несловенски букви
Ӑ Ә Ӕ Ҕ Ӗ Ғ Ӏ
Ӂ Җ Ӝ Ҙ Ӟ Ӡ Ӣ
Ӥ Ҡ Қ Ҟ Ҝ Ң Ҥ
Ө Ӧ Ҧ Ҫ Ҷ Ҹ Ӵ
Ҽ Ҿ Ҩ Ҳ Һ Ҭ Ҵ
Ӳ Ӯ Ү Ұ Ӱ    

Е со надреден знак или гравис (Ѐ, ѐ) е варијанта на кириличната буква „е“. Оваа комбинација не е посебна буква, туку се употребува во македонскиот јазик за разликување на истолики зборови во извесни случаи:

„И нe воведи нè во искушение, но избави од лукавиот“; или:
Сè што ќе напишете може да се употреби против вас!“.

Ѐ може да се најде и во српски и црковнословенски текстови во кои се употребува за одбележување на акцентот врз самогласка, како и во постари (XIX век и порано) руски книги. Денешниот македонски и руски користат остар екцент (´) наместо гравис (`) за таа намена, иако македонскиот тоа го прави многу поретко бидејќи, за разлика од рускиот (кој има сосема варијабилен акцент и затоа нема правила за акцентирање), македонскиот има строги правила на третосложно акцентирање на зборовите.