Регионален пат 29178 (ознака: Р29178) — регионален пат во Македонија, со насока на движење југ-север. Има вкупна должина од 20,3 километри и само 1 исцртана делница. Патот започнува во селото Давидово и завршува во градот Демир Капија, движејќи се на десниот брег на реката Вардар, во непосредна близина на железничката пруга Скопје-Гевгелија.[1]