Регионален пат 1104 (ознака: Р1104) — регионален пат во Македонија, со насока на движење југ-север. Има вкупна должина од 35,7 километри и 5 делници. Го поврзува Скопје со државната граница со Србија, преминувајќи преку падините на планината Скопска Црна Гора.[1] Овој пат е стариот пат помеѓу градовите Скопје и Куманово.