Регионален пат 2433 (ознака: Р2433) — регионален пат во Македонија, со насока на движење првин исток-југозапад, а потоа југ-север. Има вкупна должина од 60,8 километри и 5 делници. Патот започнува во градот Радовиш и се движи низ областа Лакавица преку селото Конче, завршувајќи кај штипското село Софилари.[1]