Регионален пат 2336 (ознака: Р2336) — регионален пат во Македонија, со насока на движење првин исток-запад, а потоа север-југ. Има вкупна должина од 52,3 километри и 5 делници. Патот започнува во велешкото село Стари Град и се движи на запад кон селото Богомила, каде се искачува на Орешка Планина и се спушта во Пелагонија, завршувајќи во селото Ропотово.[1]