Автопат А2 (наречен „Мајка Тереза“) — национален автопат во Република Македонија. Дел е од Европскиот пат E65, и ги поврзува градовите Скопје и Тетово.
Тој започнува кај клучката со А1 кај Миладиновци и од тука продолжува на запад, поминува по обиколницата кај Скопје, па потоа го поврзува Тетово и завршува кај Гостивар. На 25 километарското растојание меѓу Тетово и Гостивар автопатот има по 2 ленти во двата правци, но е без помошна лента, па според некои стандарди е категоризиран како експресен пат. [1]