Регионален пат 2334 (ознака: Р2334) — регионален пат во Македонија, со насока на движење запад-исток. Има вкупна должина од 63,9 километри и 5 делници. Патот започнува во градот Штип и се движи на исток низ многу села долж течението на Брегалница до градот Виница, каде врти кон север, поминувајќи низ селата Јакимово и бројните маала на Калиманци завршува во селото Бигла.[1]