Хармонска анализа

Од Википедија — слободната енциклопедија

Композицијата “Пролетни води” од рускиот композитор С. Рахмањинов кој делувал во епохата на доцниот романтизам ( 1873 – 1943 ), претставува соло песна, наменета за женски глас - сопран и клавирска придружба. Таа е напишана во тоналитетот Ес дур и е распределена во проста тропетоделна форма, ( наликува и на рондо ) со шема а – р (разработка) – а1 – р – а2 + Цода. Карактерот на оваа соло песна е лирски, распеан, динамичен, метафоричен. Постои тесна поврзаност помеѓу текстот и музичките изразни средства (хармонијата, темпото, ритамот, мелодијата). Брзото темпо може да се поврзе со будењето на пролетта, топењето на снегот, жуборот на водите, гласниците на пролетта. Лирската мелодија на солистот, бојата на сопранскиот глас, високиот регистар ни асоцира на нежните пролетни сончеви зраци. Сето тоа е поддржано со хармонскиот ритам кој е променлив, како и промените во природата, кога доаѓа пролетта. 1.1.Слог и фактура Музичката материја на композицијата “Пролетни води” е организирана според принципите на хармонскиот слог. Во него мелодијата на солистот се издвојува како водечка, а акордите во пијаното се јавуваат во функција на нејзина хармонска придружба, односно хармонскиот слог е материјализиран во хомофона фактура. Во некои делови од композицијата (3,8, 9, 10, 11 такт) поради мелодизацијата на гласовите во придружбата, доаѓа до полифонизација на нејзината фактура. 1.2.Акорд, функции, фигурациски разновидности, гласоводење Хармонскиот слог во ова дело е изграден од еднородни моноакорди со терцна интервалска структура и од акорди со изменета терцна структура. Претставници на терцните акорди се дурските и молските трозвуци : ( квинтакорди, сектакорди и квартсекстакорди), како и четворозвуците ( на Д функција ) , поретко се среќаваат и нонакордите.Терцните акорди се изменети на тој начин што им се алтерирани некои тонови од акордот, така што на пример една од главните одлики на делото е снижувањето на шестото стапало (се јавува уште на самиот почеток на делото), понатаму се јавува алтерација на квинтата на тоничниот и доминатниот акорд, како и на нивните заменици. Промената на тонскиот состав на акордите со замена и со изоставување на нивните акордски тонови, претставува уште еден од начините на модификација на терцната структура на акордите во композицијава.Се јавува и Д7 со заменет тон, секста наместо септима во тоналитетите Ес дур и Фис дур, акорд познат под името Шопенова доминанта ( во 5 ,19, 36 такт ).

Акордските комплекси во ова дело се организирани според принципот на дур-молскиот хармонски систем и главно се претставени како трозвуци и четворозвуци. Нивната функција е модална, која произлегува од нивниот интервалски состав, взаемниот однос на акордите во модусот, правилното водење и разрешување на гласовите, регистарската и тембровата блискост на акордот во однос со другите акорди.

Освен во нивните основни видови акордите од хармонскиот слог на оваа соло песна се дадени и во вид на фигурациски преобразувања. Колористичкото наслојување на тоновите од акордот претставува најзастапена форма на фигурациско преобразување на акордите во композицијава. Тоа заедно со модифицирањето на терцната структура, модалната функција на акордите ја доведува на граница со фонската.Освен колористичкото наслојување во оваа композиција се јавуваат и останатите видови на фигурациски преобразувања на акордот.

Голем дел од акордите во композицијата се изложени со хармонска фигурација. Повторувањето на акордскиот комплекс или ритмичка фигурација исто така е една од честите појави ( 9,11,14,36 ) такт, додека поретко се јавува мелодиската фигурација (8,9,11 ).

Поради бројното колористичко наслојување на гласовите, бројот на реалните гласови во хармонското повеќегласје постојано се менува. При тоа удвоените тонови од акордот немаат влијание во гласоводењето, тие имаат чисто фонско значење.

Големата застапеност на лажните гласови доведува до фактурно усложнување и влијае на напнатоста на композицијата. Нивната појава претставува еден од факторите со кои е доловена кулминацијата во делото (20 такт).

Хармонски ритам[уреди | уреди извор]

Хармонскиот ритам на композицијата е плуралистичен. Со промената на темпото се менува и моториката на хармонскиот ритам. Во деловите со брзо темпо (излагањето на темата) промената на функциите се менува претежно на јакото тактово време. Во разработочните делови од музичката форма каде што доста честа е појавата на вонтонални доминанти (со или без нивно разрешување во привремената тоника), модулации и отклонувања, хармонскиот ритам е пораздвижен.

Неакордски тонови[уреди | уреди извор]

Неакордските тонови се широко застапени во композицијата. Тие се јавуваат како минувачки, задржични и вртежни тонови. Карактеристична е задржицата 6 - 5, која се јавува во басот, во рамките на Т 6/4, уште во првиот такт од соло – песната, потоа задржицата 7 – 6, која се јавува во водечката мелодија ( 3 такт ). Се среќаваат подготвени и индиректно подготвени задржици ( 4 такт ), како и појавата на нота камбјата ( нагорна и надолна дисонантна свртувалка во 8 и 10 такт). Минувалките во главно се јавуваат во мелодиската линија, на слабо и на јако тактово време, но не се исклучуваат и во хармонската придружба. Честа е појавата на акорди кои можат да се протолкуваат како проодни, поради брзото темпо и нивната појава на слабо тактово време.

Регистарски особености[уреди | уреди извор]

Турската Мелодијата на оваа соло песна е напишана во високиот регистар, бидејќи е наменета за инструментот неј, канун, и уд , со оглед на содржината на текстот. Таа располага со широк опсег но некаде се ограничува, од тонот е1 до кулминативниот, највисокиот тон – аис 2.Акордската придружба е поставена во високиот и во нискиот регистар, со оглед на тоа дека акордите пред сè се изложени во хармонска фигурација. ===Координација на мелодискиот ихармонскиот тек=== Основната мелодија се одликува со висок степен на завршеност.Таа започнува веднаш по звучењето на акордиде во хармонската придружба.Водечката мелодијата е хармонски поддржана со терцни акорди кои на места тонално се спротивставуваат, односно се јавува извесна (извесна бидејќи ако енхармонски ги замениме тоновите од мелодијата, тогаш нема да има политоналност) политоналност помеѓу акордите и мелодијата (8,10, 18 такт).

Појавата на темата во Фис дур ( најдалечниот тоналитет ), понатаму највисокиот тон во сопранот ( а2 ), колористичкото наслојување на тоновите од акордот, динамиката ФФФ се средствата со кои е доловена кулминацијата на делото во втората разработка на тематскиот материјал 20 такт.

Модална организација[уреди | уреди извор]

Според видот на функционалната единица композицијата “Пролетни води” се наоѓа во хармонски модус. Акордите во дур-молскиот хармонски систем се носители на функционалната единица. Нивната модална функција во однос на музичката форма е автономна, односно тие ја моделираат музичката форма. Бидејќи оваа композиција се заснова на дур-молскиот хармонски систем нивниот модален систем е октавен, односно акордите ја задржуваат нивната функција без оглед на регистарските пренесувања. Тоничниот трозвук е носител на стабилната функција на модусот – централен потпоришен тон во кој се разрешуваат сите останати акорди. Доминантата е изразит претставник на нестабилната функција со неопределена насоченост, за разлика од субдоминантата која има нестабилна функција со неопределена насоченост. Како тоника се издвојуваат акордите на првото стапало во тоналитетите: Ес дур, Ас дур, Фис дур. Во разработочните делови честа е појавата на нестабилни функции и се избегнува појавата на тоничната функција.Карактеристична е појавата на проширен тоналитет – обедиент дур – мол – истоимен ( Ес – ес ) , појавата на хармонски дур ( снижено ВИ стапало ), како и мелодиски дур (снижено ВИИ стапало ).

Тонален план[уреди | уреди извор]

Основниот тоналитет во кој е напишана композицијата “Пролетни води” е Ес дур. Нејзиниот тонален план е: а р а1 р а2 Цода Ес (г) Ес, (Х), (ц), (Х), Ас,Ес, Ес Фис, Ес Ес

Модулација[уреди | уреди извор]

Тонално – модално нестабилни се разработочните делови од композицијата во кои широко се застапени премините или отклонувањата од еден во друг тонален центар. Конфликтноста помеѓу тоналните центри е доста голема, меѓутоа ако енхармонски ги замениме пр. Ес – Х (Цес), Х –Ас. ќе видиме дека тоналните центри се оддалечени за терца горе или долу, медијантет однос помеѓу тоналитетите кој претставува една од главните одлики за модалните планови на романтизмот. Во зависност од тоа што се менува при модулацијата во ова дело се јавуваат тонални, модални и тонално – модални звуковисински модулации. Промената на тоналитетите се врши преку акорд и тоа најчесто со негова енхармонска замена. Тоналните модулации се јавуваат во преминот од првата разработка во а1 делот од Ас дур во Ес дур, и во преминот од а1 во втората разработка (17 такт) со промена на тоналните центри од Ес дур во Фис дур и потоа од Фис дур во Ес дур во делот - а2. Кај модалните модулации се менува модусот од дијатонски во хроматски и обратно (8, 9, 10 такт), понатаму од природен во хармонски дур (7такт). Тонално – модално отклонување се јавува во првата тема од Ес дур во г мол, понатаму во првата разработка од Х дур во ц мол. Модулацијата претставува и една од одликите на кулминацијата во делото. Во тој дел за првпат со енхармонска модулација се појавува тоналитетот Фис дур. Според степенот на утврденост и завршеност претходно наведените звуковисински модулации претставуваат незавршени модулации, отклонувања и етапни, во рамките на звучењето на целата соло – песна, ако земеме предвид дека таа почнува и завршува во тоналитетот Ес дур.Единствена завршена модулација, односно премин, претставува тоналната модулација Ес дур – Фис дур. Освен звуковисинската модулација се среќава и модулација ( промена ) на темпото. Започнувајќи од темпото аллегро виваце, потоа негова промена во темпо анданте, во втората појава на темата, делот а2 , за да повторно се јави истото темпо од самиот почеток ( аллегро виваце ).Доста значајни се и динамичките нијансирања, од најтивкото пп сè до громогласното ффф, на текстот од самата тема – Доаѓа пролет.

Каденци[уреди | уреди извор]

Деловите од композицијата се заокружени со каденци од кои најзастапени се автентичните на Т во октавна, квинтна и терцна мелодиска положба.Се среќава плагална каденца во 12 такт, како и лажна каденца во 32–от такт. Според оваа анализа можеме генерално да заклучиме дека оваа композиција според хармонските одлики припаѓа на романтизмот. Во неа главно преовладуваат четворозвуците со што се нагласува нееднозначноста на акордите бидејќи септакордите и нонакордите содржат тонови кои можат да припаѓаат на повеќе функции. Акордите освен во основните видови се дадени и во нивните фигурациски преобразувања. Мелодизацијата на гласови на придружбата резултира со појава на полифонизација на нејзината фактура. Тоналниот план опфаќа многу далечни тоналитети до кои се доаѓа врз основа на взаемно проникнување и обединување на тоналитетите (Ес дур со ес молл – дур –мол- истоимен). Сите овие елементи го децентрализираат дур – молскиот хармонски систем врз кој се заснова оваа композиција, појава која ја карактеризира епохата на романтизмот.