Технолошко-технички факултет Велес
Вид | државен |
---|---|
Основан | 2008 |
Декан | Вонр.проф.д-р Валентина Павлова |
Место | Велес, Република Македонија |
Припадност | Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола |
ttfv.uklo.edu.mk |
Технолошко - технички факултет Велес е образовна и научно-истражувачка институција од областа на прехранбена технологија и биотехнологија и Нутриционизмот. во рамките на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола.
Факултетот развива дејност во неколку области:
- Додипломски студии (прв циклус академски студии)
- Прехранбена технологија и биотехнологија
- Нутриционизам
- Последипломски студии (втор циклус на универзитетски студии, Решение на Одбор за акредитација бр. 02, 167/3 од 03.09.2009 г.)
- Нутриционизам - едногодишни
- Нутриционизам - двогодишни
- Управување со квалитет и безбедност на храна
- Докторски студии
Одобрена е акредитација за студиската програма на трет цуклус универзитетски студии: Иновативни технологии за храна и нутриционизам.
Во склоп на оваа студиска програма постојат два модули:
- Модул 1: Храна и иновативни технологии и
- Модул 2: Храна и нутриционизам
Времетраење на студиите е три години, а ќе започне со реализација во учебната 2016/2017 година.
- Научно-истражувачка работа
Историја
[уреди | уреди извор]Технолошко - технички факултет Велес е нова единица на битолскиот Универзитет и е формирана во 2008 година. Факултетот од неговото основање врши високообразовна дејност - додипломски студии, како и научно-истражувачка и применувачка дејност од научните полиња на прехранбената технологија, биотехнологијата и нутриционизмот. Во 2009 г. отвора и последипломски студии, а во 2015 г. во тек е акредитација на докторски студии. Со отворањето на оваа високообразовна единица во составот на УКЛО се етаблира факултет кој е комплетно фокусиран на едукација на инженерски кадар.