Јован Атанасов Прилепчанин: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Јован Атанасов Будимов''' (Прилеп, 1846 - Прилеп, 1908, познат како Јован Атанасов Прилеп...
(нема разлика)

Преработка од 12:12, 6 мај 2021

Јован Атанасов Будимов (Прилеп, 1846 - Прилеп, 1908, познат како Јован Атанасов Прилепчанин, Јован Прилепчанин или Јован Зограф е македонски зограф од XIX век. честопати е именуван како последниот прилепски иконописец.

Животопис

Јован Прилепчанин го учел занаетот кај Адамче Најдов. Со него работел цели 17 години, прво како ученик, а потоа како ортак. Врз неговата работа влијаеле дебарските мајстори. Прилепчанин оставил доста икони во Прилеп и во прилепскиот крај и пошироко (Мало Рувци и Дупјачани во Прилепско, Агларци и Дедебалци во Битолско, како и за манастирот во Согле, Велешко). Со својата техника доста влијаел врз работата на прилепските иконописци.

Наводи