Вампирските дневници: Борбата: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 2 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q8349767 (translate me)
YiFeiBot (разговор | придонеси)
с Робот: Преместване на 1 междуезикови препратки към Уикиданни, в d:q2723845.
Ред 25: Ред 25:


[[Категорија:Вампирските дневници]]
[[Категорија:Вампирските дневници]]

[[en:The Vampire Diaries: The Struggle]]

Преработка од 17:54, 11 декември 2018

Вампирските дневници: Борбата
Оригиналната корица на англиски јазик
АвторЛ. Џ. Смит
Изворен насловThe Vampire Diaries: The Struggle
ЗемјаСАД
ЈазикАнглиски
СеријалВампирските дневници
ЖанрМладинско-возрасна, вампирска, хорор
ПретходнаВампирските дневници: Будењето 
СледнаВампирските дневници: Бесот 

Вампирските дневници: Борбата (англиски оригинал: The Vampire Diaries: The Struggle) е вториот дел од серијалот Вампирските дневници од американската авторка Л. Џ. Смит, за првпат објавен во 1991 година.


Приказната

Втората книга продолжува каде што завршува Будењето, и раскажува понатаму за обидите на Дејмон да ја добие наклонетоста на Елена и борбата на Стефан да преживее. Кога Стефан исчезнува, Елена го наоѓа Дејмон и се соочува со него на гробиштата, знаејќи дека тоа ќе биде опасно. Дејмон тврди дека го убил Стефан предходната ноќ. Елена ја тера Бони да се поврза со мислите на Стефан и со помош на Мет Ханикат, тие го наоѓаат Стефан во бунар, блиску до смртта. Елена го спасува Стефан давајќи му од нејзината крв.

Елена исто така разменува крв со Дејмон, правеќи таен договор со него што го чува скриен од Стефан, знаејќи дека овој нема да се согласи, обидувајќи се да го направи со двата брата истото што Кетрин се обидела да го направи пред многу векови.

Додека го чека Стефан една вечер, Елена чувствуа како присуство во бурата да доаѓа по неа, и френетично се обидува да избега поминувајќи го мостот преку реката. Колата, што таа ја има позајмено од Мет, излетува од мостот во реката, и таа почнува да се дави.