Учење: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [непроверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 54 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q133500 (translate me) |
Ја заменувам страницата со '{{внимание}} Категорија:Психологија' |

Ред 1: | Ред 1: | ||
{{внимание}} |
{{внимание}} |

{{Без извори|датум=ноември 2009}} |

Психичкиот процес при кој настанува релативно трајна промена во однесувањето на единката под влијание на нејзината активност или стекнато искуство се нарекува – учење. |

=== Видови учење === |

Постојат повеќе видови учење и повеќе нивни класификации. Една класификација како основно го поставува прашањето КАКО се учи. Со оглед на одговорот на ова прашање се разликуваат два вида учење: едноставно и сложено. Друга класификација како основа го поставува прашањето ШТО се учи. Со оглед на одговорот на ова прашање, се разликуваат два вида учење: вербално и моторно. |

=== КАКО СЕ УЧИ === |

==== 1. Едноставно учење. ==== |

Едноставното учење е она во кое се вклучени едноставни психички процеси. Едноставното учење може да биде условување и механичко учење. |

===== Условување ===== |

Безусловен рефлекс (реакција) е ненаучен, вроден одговор на организмот на дејствувањето на некои дразби. Кога нешто ќе ни влезе во окото, ние трепкаме и солзиме, кога ќе се засркнеме – кашламе. |

Кога некоја нова неутрална дразба (ѕвоно) ќе се појави повеќепати заедно со безусловната дразба (храна) и самата таа ќе започне да ја предизвикува безусловната реакција (плунка) која во тој случај претставува условна реакоција. Условните реакции се научен облик на однесување. |

Безусловна е онаа дразба што без присуство на каков било друг услов неизоставно ја предизвикува реакцијата што во овој случај се нарекува безусловна реакција. |

Условувањето за прв пат беше откриено од страна на познатиот руски физиолог Павлов. |

Неутралната дразба (звукот на ѕвоното) во овој случај се нарекува условна дразба (УД). Тоа е онаа дразба што може да ја предизвикува безусловната реакција само условно, доколку таа е дадена истовремено со безусловна дразба. Реакцијата што се јавува во овој случај се нарекува условна реакција. |

Особено интензивни емотивни реакции создадени по пат на условување се фобиите. Фобија е страв од нешто конкретно. |

===== Механичко учење ===== |

Механичкото учење претставува едноставен вид учење како што е условувањето. Суштината на механичкото учење се состои во асоцијација по допир. |

Успешноста во механичкото учење е токму во повторувањето (за да се научи на памет). На овој начин брзо се заборава. |

==== 2. Сложено учење ==== |

Сложено учење е она на кое се вклучени посложени психички процеси. Сложеното учење може да биде: учење то пат на обиди и грешки и учење по пат на увидување. |

===== Учење по пат на обиди и грешки ===== |

При учењето по пат на обиди и грешки животното или човекот изведуваат некои, повеќе или помалку случајни одговори од кои само мал број го доведуваат до целта. Со текот на времето и повторувањата, одговорите што се точни стануваат сè побројни, а оние што се неточни сè помалубројни. Конечно, со упорно повторување (вежбање), неточните одговори се отстрануваат и до целта се доаѓа веднаш. |

Особено битен услов за успех во ваквото учење е мотивацијата. |

===== Учење по пат на увидување ===== |

Ова учење е карактеристично, пред сè за човекот, но и за некои посложени животински видови како што се антропоидните мајмуни. Основен психички процес при увидувањето е мислењето, а таквото однесување при кое мислењето е основна карактеристика се нарекува интелектуално однесување. |

=== ШТО СЕ УЧИ? === |

Разликуваме вербално и моторно учење. |

==== 1. Вербално учење ==== |

Вербалното учење е застапено секогаш кога се употребуваат зборови при учењето, т.е. кога се учи зборовен и друг симболичен материјал. |

Успешноста при учењето на вербалниот материјал зависи од: |

1. Смисленост на материјалот |

2. Ангажираност при учењето |

3. Мотивација при учењето |

4. Организација на учењето |

5. Физички услови во просторијата |

==== 2. Моторно учење ==== |

Моторното учење претставува совладување определен број движења што ја карактеризираат некоја моторна активност. При моторното учење секогаш е неопходно активноста да се изведува повеќе пати и да се изградат сопствени ментални и моторни претстави за самите движења. |

Менталните претстави се формираат со замислување на сопственото тело при вршењето на конкретното движење. |

Моторните претстави се изградуваат благодарејќи на внатрешните осети на мускулите и тетивите кои нé информираат за положбата во којашто се наоѓаат деловите од сопственото тело. |

=== Трансфер во учењето === |

Зборот трансфер значи пренесување, а под трансфер во учењето се подразбира процес на пренесување на ефектите од едно врз друго учење. |

Трансферот може да биде позитивен и негативен. |

=== Напредување во текот на учењето === |

Како учењето ќе напредува зависи од голем број фактори. |

1. Од материјалот што се учи. Поинакво е напредувањето при вербалното, а поинакво при моторното учење. |

2. Од методот на учење. Поинакво е напредувањето кога се учи по пат на обиди и грешки, а поинакво кога се учи по пат на обид. |

3. Од карактеристиките на личноста која учи. Напредувањето во учењето зависи од претходните знаења, од способностите, интересите, стравовите, темпераментот, карактерот, моменталната состојба на организмот итн. |

=== Важноста на процесот на учењето за човекот === |

По пат на формирање условни рефлекси, детето научува како да се заштитува во околината. Учењето ја претставува основата на процесот на социјализација – формирање на идната зрела личност во определена општествена и културна средина. |

Во процесот на социјализација на личноста, особено е важно учењето по пат на имитација. Формирањето на навиките е исто така важно. Навика претставува автоматизирано изведување на дејност во чија основа лежи задоволување на некоја потреба. |

Човекот во текот на својот живот може да формира како корисни така и штетни навики. |

[[Категорија:Психологија]] |
[[Категорија:Психологија]] |
Преработка од 14:28, 29 септември 2013
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |