Прејди на содржината

Пчела работничка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пчели работнички

Пчела работничка — полово неразвиена женска пчела. Се изведува од оплодените јајца и од положувањењето на јајцата до изведувањето на единката поминуваат 21 ден. Пчелите работнички се најбројната група пчели во пчелната колонија. Тие се помали од матиците и трутовите. Должината на пчелата е околу 12 до 14 мм, а тежината ѝ е околу 100 мг, така што 10.000 пчели тежат околу 1 кг. Штом младата пчела се изведе, таа почнува да работи, и така цел живот. Затоа се нарекува работничка.

Опфат на работите на работничката

[уреди | уреди извор]

Самочистење (до 3 дена возраст)

[уреди | уреди извор]
Новоизведените пчели го чистат своето тело.

Чистење на ќелиите (4-11. ден)

[уреди | уреди извор]
Пчелите ги чистат и полираат ќелиите од кои излегле и во кои матицата повторно ќе положува јајца. Помладите пчели од оваа група го хранат постарото легло. Кај постарите пчели од оваа група, прораборуваат млечните жлезди кои произведуваат матичен млеч и ти го хранат помладото легло.

Производство на восок (12-17. ден)

[уреди | уреди извор]
Пчелите лачат восок и градат сатни ќелии, ја проветруваат кошницата и одржуваат константно ниво на температура во кошницата, го земаат товарот (нектарот) од излетничките, го обработуваат и го ставаат во сатните ќелии, итн. Од оваа група пчели, еден број од нив стануваат придружнички на матицата. Постојано ја надгледуваат, ја хранат со млеч и ја обезбедуваат нејзината животна сигурност. Од матицата може да се одвојат само присилно, најчесто од невнимание на пчеларите. На крајот на староста на оваа група пчели, започнува нивното прво излегување од кошницата, таканаречениот пчелин танц. Прво, тоа ќе биде масивен ориентационен кружен лет пред влезот во кошницата. Кога младите пчели ќе ја совладаат ориентацијата, по половина час се враќаат во кошницата.

Пчели излетнички (18-21. ден)

[уреди | уреди извор]
Пчелите стануваат излетнички 18. ден од нивниот живот. Оттогаш до крајот на својот живот, пчелите ќе бидат излетнички. Оттогаш, тие ќе ги обновуваат, секоја група - своите работи. Најмладите пчели од оваа група ќе бидат стражарки бидејќи се најсилни и најбрзи пчели. Никој кој не припаѓа на таа кошница не може да влезе во неа. Сите други живи суштества кои се движат директно пред кошницата исто така лошо ќе поминат, особено во насоката на полетување и слетување на пчелите. За стражарките сето тоа се непријатели на пчелите кои веднаш и насилно ќе ги нападнат и ќе ги избркаат од кошницата. Стражарките деноноќно се движат по полеталката или се во кошницата на самиот влез и на тој начин ја контролираат секоја пчела што ќе дојде, па доколку таа пчела го нема истиот мирис веднаш ќе биде нападната. Ќе ја примат само ако носи нектар или полен.
Останатите пчели ја споделуваат работата што ја работат. Некои ќе носат вода, тие се водоносци, други ќе ја чистат подницата и ќе ја изнесуваат нечистотијата надвор, тие се чистачки (хигиеничарки), третите носат нектар затоа се нарекуваат нектарки, четвртите носат полен затоа се поленарки итн.

Поделбата на работата не треба да се зема премногу строго. Често се случува преориентација на други работи. Кога ќе настапат пообилни пасишта, повеќето од излетничките ќе се преориентираат на нектарки. Тогаш пчелите помлади од 18 дена сѐ повеќе ќе се префрлаат во групата на излетнички, главно нектарки, бидејќи тогаш целта е да се собере што повеќе нектар.

Поновите истражувања покажале дека работничките не се само извршители, туку и господари. Тие влијаат на важните одлуки на пчелната заедница, како што е влијание на брзината на размножување или замена на матицата (тивка замена на матицата).

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Славко Јаковљевић - Радови на пчелињаку, II издање, Београд, 2001.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]