Пем Фредман

Од Википедија — слободната енциклопедија

Пем Фредман (родена на 13 мај 1950 година, во Гетеборг, Шведска [1] ) — шведски професор по невронаука и поранешен ректор на универзитетот во Гетеборг . Од 2016 година, Фредман е претседател на Меѓународната асоцијација на универзитети [2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Фредман дипломирала како магистер по хемиско инженерство на Технолошкиот универзитет во Чалмерс во 1973 година и доктор по филозофија по неврохемија во 1979 година. Нејзината теза е насловена „Структура и функција на ганглиозидите “.

Помеѓу 1995 и 1997 година била шеф на Одделот за клинички невронауки.

Таа била назначена во 1997 година за професор по неврологија на Универзитетот во Гетеборг, а станала продекан на Медицинскиот факултет помеѓу 1997-1998 година. Таа продолжила да има неколку извршни позиции во рамките на Академијата Салгренска.

Помеѓу 2003-2006 година Фредман била директор и декан на Академијата Салгренска . На 1 јули 2006 година, таа била ректор на Универзитетот во Гетеборг, позиција што ја извршувала до 1 јули 2017 година.[1]

Фредман е член на Кралската шведска академија за инженерски науки од 2008 година.

Заменик-канцелар на Универзитетот во Гетеборг од 2006-2017 година.[2] . Како заменик-канцелар, Фредман била шеф на Универзитетот и негов главен претставник.

Фредман исто така била член на одбор на повеќе организации, вклучувајќи го Шведскиот совет за медицински истражувања (од 1999-2003), Меѓународното друштво за неврохемија (1995-1999) и Федерацијата на европски невролошки науки (1996-2001)

Од 2016 година, Фредман е претседател на Меѓународната асоцијација на универзитети .[2]

Фредман била дел од одборот на Шведскиот универзитет и Здружението за високо образование, СУХФ, помеѓу 2007 и 2014 година и била нејзин претседател 2009–2014.

Фридман има над 100 публикации и 4700 цитати.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Vice-Chancellor Pam Fredman“. University of Gothenburg. March 17, 2010. Архивирано од изворникот на 2019-04-07. Посетено на April 4, 2019.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Pam Fredman“. International Association of Universities. Посетено на April 4, 2019.
  3. „Pam Fredman's research work“. Посетено на April 4, 2019.