Невладина Организација КРЕАКТИВ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Креактив е здружение на граѓани за поддршка на креативноста и активното граѓанство на младите луѓе. Главна цел на здружението е да придонесе за личниот развој на младите луѓе преку нивно вклучување во активности на неформална едукација[1].

Креактив има три основни гранки. Една од нив е Модел на Обединети Нации, која вклучува средношколци и студенти во симулација на работата на вистинските Обединети Нации. Друга гранка работи на организирање на активности на неформална образование за младите луѓе од Скопје; и е насочена кон основање на Младински Клуб во општина Ѓорче Петров, Скопје, каде се наоѓа седиштето на Креактив. Третата гранка подготвува и имплементира меѓународни младински проекти, особено во рамки на младинската програма (Youth in Action Programme) на Европската Комисија. Активностите на Креактив вклучуваат работилници, семинари, обуки, младински конференции, локални иницијативи, волонтерски акции, младински размени и слично.

Работата на Креактив е целосно посветена на младите луѓе, а заснована е на принципите на неформална едукација, учење преку искуство и интеркултурно учење. Организацијата ја води мешан тим од млади луѓе и искусни младински работници. Членовите на Креактив се организирани во локални клубови низ земјата.

Креактив има за цел да придонесе за развојот на граѓанското општество во Македонија, со особен акцент на местото на младите луѓе во општествените настани и процеси. Очекуваме дека активностите на Креактив ќе резултираат во развој на млади луѓе вклучени во процесот на донесување одлуки во нивните локални заедници.

Активности на КРЕАКТИВ[уреди | уреди извор]

Активности на неформална едукација Главна цел на Креактив е да придонесе за личниот развој на младите луѓе преку нивно вклучување во неформална образование на различни теми. Според тоа, активностите на Креактив во најголем дел се работилници, семинари, обуки, младински конференции, локални иницијативи, волотерски акции и слично.

Работата на Креактив е заснована на принципите на неформална едукација, учење преку искуство и интеркултурно учење. Фокусирана е на млади луѓе на возраст од 15 до 25 години од целата земја.

Во моментов организацијата е насочена кон основање на Младински Клуб во општина Ѓорче Петров, Скопје, каде се наоѓа седиштето на Креактив. Младинскиот Клуб е замислен како центар за неформална образование на младите, но истовремено и како локација каде што младите би го минувале своето слободно време во структуирани и слободни активности. Кога клубот ќе биде отворен ќе започне да нуди активности на неформална образование за младите луѓе од Ѓорче Петров и Скопје воопшто.

Меѓународни проекти Една од главните цели на Креактив е да ја промовира и охрабрува меѓународната соработка на младите луѓе од Македонија со младите од другите земји во Европа. За да го постигне тоа, Креактив е особено активен во имплементацијата на меѓународни младински проекти, особено во рамките на младинската програма (Youth in Action Programme) на Европската Комисија. Во моментов заедно со нашите партнерски организации од други земји работиме на подготовка на неколку младински размени и обуки како дел од оваа програма. Креактив исто така работи и на добивање акредитација за примање и испраќање на EVS волонтери. Се надеваме дека првите волонтери од други земји ќе пристигнат во нашата организација најдоцна до почетокот на 2008 година. Покрај проекти во оваа програма, Креактив е вклучен и во имплементација на проекти во рамките на други меѓународни програми и мрежи.

Како организација особено сме загрижени поради недостатокот на можности за соработка на младите луѓе од Македонија со младите од земјите во Источна Европа. Една од нашите стратешки цели за 2007 година е да ја охрабриме и подржиме таквата соработка преку неколку меѓународни проекти.

Модел на Обединети Нации на Креактив (CMUN)[уреди | уреди извор]

Модел на Обединети Нации е гранка на Креактив што вклучува средношколци и студенти во симулација на работата на Обединетите Нации, пружајќи им можност да ги вежбаат англискиот јазик и вештината на јавно говорење.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Kreaktiv Nevladina Organizacija“. findglocal.com. Посетено на 19.01.2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)