Надреден знак

Од Википедија — слободната енциклопедија

Надреден знак (`) — правописен знак.

Надреден знак се пишува само во три случаи:

  • над самогласката е во кратката заменска форма од нас нѐ, за да се разликува од негацијата не.

На пример: Кога влеговме не нѐ забележаа веднаш.

  • над самогласката е во прилогот сѐ за да се разликува од кратката заменска форма од повратната заменка себе се која често ја употребуваме со повратните глаголи.

На пример: Сѐ се случи многу брзо.

  • над самогласката и кај кратката заменска форма од нејзе ѝ за да се разликува од сврзникот и.

На пример: Не ѝ рече ништо и не ѝ дозволи да зборува.