Прејди на содржината

Мартас Вињард

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црква во Мартас Вињард

Мартас Вињард (англиски: Martha’s Vineyard), заедно со помалиот остров Чапаквидик (Chappaquiddick Island) е остров кој се наоѓа на југ од Кејп Код (Cape Cod) во Нова Англија(New England). Двата острови се дел од регионот Аутер Лендс (Outer Lands). Најчесто именуван само како ,, Градината’’( The Vineyard), островот има површина од 231,75 км2 (87,48 квадратни милји) и е 58-от најголем остров во САД, и трет најголем остров на источниот брег на САД. Тој е најголемиот остров на источниот брег на САД којшто не е поврзан со копното преку мост или тунел. Островот се наоѓа во државата Масачусетс, во Округот Дјукс (Dukes County), во кој исто така спаѓаат Катиханк (Cuttyhunk) и Елизабет Аиландс (Elizabeth Islands), како и островот Норманс Ленд (Nomans Land), којшто претставува Резерват за диви животни на САД како и Подрачје за вежби на морнарицата на САД кое и понатаму е оспорено. Тука е основана една од најраните заедници на глувите, и последователно на тоа овде се развива посебен знаковен јазик, Знаковен јазик на Мартас Вињард. Воглавно островот е познат како летна колонија и до него се стигнува само со брод или авион. Сепак, почнувајќи од шеесеттите години, населението кое живее таму во текот на целата година значително се зголеми. Едно проучување на Одборот на Мартас Вињард покажува дека животните трошоци на островот се за 60 проценти поголеми од просечните и дека цените за сместување се поголеми за 96 проценти.

Истражување

[уреди | уреди извор]

Најпрво ,а и сѐ уште населен од Вампаноаг северно американски индијанци, во нивниот јазик Мартас Вињард е познат како Noepe, што значи земја меѓу струите. Англискиот истражувач Бартоломеј Госнолд (Bartholomew Gosnold) којшто испловил до островот во 1602 година именувал еден помал остров на југ со името Мартас Вињард. Меѓутоа ова име набрзо му било дадено на големиот остров. Така тоа е осмото најстаро англиско име на место кое опстанало во Соединетите Држави. Мајката на сопругата на Госнолд како и неговото второ дете, кое починало во раното детство, се викале Марта. Најверојатно Госнолд го именувал островот Мартас Вињард по неговата ќерка, која била крстена во Црквата Св. Џејмс ( сега St Edmundsbury Cathedral ). Марта е погребана во Големиот двор на црквата кој се наоѓа спроти Урнатините Абеи помеѓу црквата Св. Мери и Катедралата. Островот некое време бил познат како Мартинс Вињард (најверојатно по името на капетанот на брод на Госнолд, Џон Мартин); до 1700 години многу островјани го именувале островот по ова име. Одборот за географски имиња на САД работел на стандардизацијата на спелувањето на имињата на места при крајот на 19 век, вклучувајќи го и испуштањето на апострофите. Така, некое време Мартас Вињард (Martha's Vineyard) официјално се пишувало Marthas Vineyard, но Одборот ја донел својата одлука во почетокот на 20 век, со што Martha's Vineyard станало едно од петте имиња на места во САД со апостров со кој се означува посесивност.

Ера на колонизација

[уреди | уреди извор]

Британското населување води потекло од освојувањето на Мартас Вињард, Нантакет (Nantucket) и Елизабет Аиландс од страна на Томас Меихју (Thomas Mayhew) од Вотертаун, Масачусетс. Меихју соработувал со двајцата Британски ,,сопственици’’ на островот и во текот на животот одржувал пријателски врски со Вампаноагите од островот делумно затоа што бил внимателен да ги почитува нивните права на земја. Неговиот син, исто така Томас Меихју, го започнал првото англиско населување во 1642 година во Греит Харбор (Great Harbor), подоцна именуван Едгартаун (Edgartown, Massachusetts). Помладиот Меихју започнал врска со Хиакумс, сосетка индијанка. Врската довела до преминување на семејството на Хиакумс кон Христијанството. Најпосле многу од племињата станале Христијани вклучувајќи ги и духовните и политичките водачи. Веројатно ова претставува прва успешна меѓукултурно црковна мисија во историјата на Протестанизмот ( дејствувањето на Елиот на копното започнува неколку години подоцна). Според сите докази и сознанија пристапот на Меихју бил независен од културниот империјализам и најчесто на страна од другите мисии од тој или од следните периоди.

Писменоста на индијанците во училиштата основани од Меихју и учена од Питер Фолџер, дедото на Бенџамин Френклин, резултирала со првите северно американски индијански дипломирани студенди на Харвард и тоа од Мартас Вињард, меѓу кои и синот на Хиакумс, Џоел Хиакумс. Бродот со кој пловел Џоел Хиакумс, враќајќи се кон Бостон од дома, непосредно пред церемониите за дипломирањето бил пронајден разбиен на бреговите на островот Нантакет. Кеилеб Чиишатомаук (Caleb Cheeshahteaumauk), син на политички водач на Хоумс Хол дипломирал на Харвард во 1665 година. Латинското име на компанијата на Чиишатомаук (New England Corporation), кое гласи Honoratissimi benefactores (најзначајни добротворци) било зачувано.

Тие биле писмени на јазикот на Вампаноагите, на англиски, хебрејски, грчки и латински јазик. Сите од раните северно американски индијански дипломирани студенти починале многу набрзо по завршувањето на нивните студии. Меѓутоа, на островот има многу домородни проповедници кои одвреме на време проповедаат во англиските цркви.

Традицијата која била воспоставена од Меихју траела со години. Левит Текстер (Leavitt Thaxter), кој се оженил со Марта Меихју (Martha Mayhew ) потомка на Томас Меихју, бил едукатор во Едгартаун и како што опишува индијанскиот комисионер Џон Милтон Ерл (John Milton Earle),, долгогодишен и верен пријател на индијанците’’. После живеењето во Нортемптон ( Northampton ), Текстер, адвокат, се вратил дома во Едгартаун, каде се зафатил со работа во училиштето кое го основал татко му Рев. Џозеф Текстер (Joseph Thaxter) работел во Стеит Хаус (State House ) и во Сенатот и бил член на Советот на владата на Масачусетс, а подоцна работел како наплаќач на царина за Мартас Вињард..Повторно христијанизирајќи го училиштето на татко му во Едгартаун, Текстер Академија, на 15 февруари 1845 година, Левит Текстер беше награден со сума од 50 долари годишно за ,, поддршка на Вилијам Џонсон, индијанец од чапаквидишко племе’’ . Во тоа време, Левит Текстер, преземајќи ја својата улога, во еден акт издаден од Судот на Масачусетс, опишан е како ,, чувар на индијанците и обоените луѓе од Чапаквидик и Индиантаун од Округот Дјук (Dukes County). Текстер Академија, основана од Левит Текстер како прво основно училиште во 1825 година, стана позната по школување и на белата и на северно американаска индијанска младина. Во 1683 година, Округот Дјук, Њујорк беше присоединет заедно со Мартас Вињард. Во 1691 година целиот округ беше пренесен во новоформираната Province of Massachusetts Bay, со што беше поделен на Округ Дјук, Масачусетс и Округ Нантакет, Масачусетс.

Како и соседниот остров Нантакет, Мартас Вињард се прослави во 19 век со индустријата за китови, кога се праќале бродови по целиот свет да ловат китови заради нивната маст. Откривањето на петролеумот во Пенсилванија го зголеми пристапот до евтино масло за ламби и доведе до целосно пропаѓање на индустријата до крајот на 1870 година. Откако железницата на Олд Колони (Old Colony) стигна до копното Вудс Хол (Woods Hole) во 1872 година, на островот почнаа да се градат летни викендички, како Хартхевен (Harthaven) направена од Вилијам Х. Харт. Иако за време на Големата депресија, островот минуваше низ финансиска криза, неговата репутација како одморалиште за туристи и богати луѓе продолжуваше да се зголемува. На островот сѐ уште живее Вампаноаг население, главно сместено во градот Аквина (Aquinnah). Порано Аквина бил познат како Геј Хед (Gay Head), но неодамна оригиналното индијанско име што на јазикот на Вампаноагите значи ,, земја под ридот’’ беше променето.

Модерна ера

[уреди | уреди извор]

Јазичарот Вилијам Лабов напишал есеј за промените во дијалектот на Мартас Вињард на англискиот јазик. Студијата од 1963 година е широко призната како епохален труд за основањето на социојазичариката. По 18 јули 1969 година,инцидентот на Чапаквидик, во кој Мери Џо Копекн беше прегазена од кола која управувана од сенаторот на САД Едвард Тед Кенеди (Edward "Ted" Kennedy ) удрила во мостот Дајк, островот беше озогласен . Мостот преминувал преку мочуриштето Пуча на островот Чапаквидик. Како мост за пешачење, тој беше наменет за пешаци и велосипеди, како и за возилата за угрентни служби кога условите налагаат. Во моментов, 4x4 возила можат да поминат преку реконструираниот мост. На 23 ноември 1970 година, во Атлантскиот Океан, западно од Аквина, Симас Кудирка, руски морепловец со литванска националност, се обидел да прибегне во САД прерипувајќи на мало бротче на крајбрежните американски стражари од руски брод. Крајбрежниот стражар им дозволил на агенти од КГБ да се качат на бротчето , да ги уапсат Кудирка и да го вратат назад во Поранешниот Советски Сојуз. Во 1974 година, Стивен Спилберг (Steven Spielberg) го снима филмот Ајкули на Мартас Вињард. Спилберг ги избрал островјаните Кристофер Ребело (Christopher Rebello) како најстар син на началникот Броди, Мајкал Броди (Michael Brody); Џеј Мело (Jay Mello) како помал син, Шон Броди (Sean Brody); и Ли Фиеро (Lee Fierro) како Г-ѓа Кинтнер .Многу други жители на островот се појавуваат како статисти. Подоцна, на островот беа снимени сцени и од Ајкули 2 и Ајкули: Освета. Во јуни 2005 година островот ја прослави триесет годишнината од Ајкули со викенд фестивал посветен на Ајкули.

Последователно на повторното обиколување во 1977 година, Мартас Вињард ја гледаше можноста да се отцепи од државната заедница со Масачусетс и да стане 51 држава на нацијата. На 5 март 1982 година, Џон Белуши (John Belush) почина од предозираност од дрога во Лос Анџелес (Los Angeles ) , Калифорнија (California), и по четири дена беше погребан на Гробиштата Ејбелс Хил (Abel's Hill) во Чилмарк. На неговиот гроб е напишано: ,,иако ќе умрам, Рокенролот ќе живее’’. Заради големиот број на посетители на неговиот гроб, како и старвот од ванализам, неговото тело е преместено на друго место во истите гробишта. За време на својот мандат, американскиот претседател Бил Клинтон (Bill Clinton) го помина својот одмор на островот заедно со неговата сопруга, Првата дама (а понатаму и сенаторка и државна секретарка на САД) Хилари Родам Клинтон (Hillary Rodham Clinton,) и нивната ќерка Челзи (Chelsea). Клинтон не беше првиот претседател кој го посети островот; Јулисес С. Грант (Ulysses S. Grant) ја посети викендицата на својот пријател бискупот Гилберт Хевен (Gilbert Haven) на 24 август 1874 година. Како забелешка, колибата како колач со ѓумбир на бискупот Хевен се наоѓа во Оук Блафс (Oak Bluffs) на авенија Клинтон 10 . На 23 август 2009 година, претседателот Барак Обама (Barack Obama) пристигна во Чилмарк со своето семејство на еднонеделен одмор на изнајмениот имот познат како ,,Фармата на Блу Херон’’. На 16 јули 1999 година на бреговите на Мартас Вињард се урна мал авион, при што животите ги загубија пилотот Џон Ф. Кенеди Џуниор (John F. Kennedy, Jr.), неговата сопруга Керолин Бесет(Carolyn Bessette) и нејзината сестра Лорен Бесет (Lauren Bessette). Мајката на Кенеди, поранешната прва дама на САД Жаклин Кенеди Онасис (Jacqueline Kennedy Onassis) поседувала куќа во Аквина ( претходно Геј Хед ) сè до нејзината смрт во 1994 година. Во летото 2000 година избувнувањето на туларемија, исто така позната како глодачска чума, предизвика смрт на едно лице и го поткрена интересот на центрите за контрола на болести, кои имаа намера да го тестираат островот како потенцијална истражна област за Francisella tularensis. Во текот на следните лета, Мартас Вињард бил идентификуван како единствено место на потврдени случаи на туларемија предизвикани при косење трева.Ова откритие може да биде корисно при спречувањето на биотероризамот.

Наследна глувост и знаковен јазик

[уреди | уреди извор]

Речиси цели два века на Мартас Вињард стапката на наследна глувост беше висока. Наследната глувост на островот не може да се проследи преку еден заеднички предец, туку таа потекнува од Велд (Weald), регион во англискиот округ Кент, уште пред имиграцијата. Истражувачката Нора Гроус (Nora Groce) смета дека до доцните 1800 години , на 155 луѓе се раѓал по 1 глув човек ( 0,7 проценти), речиси 20 пати од проценката за нацијата во целост ( на 2730 по 1 или 0,04 проценти). Мешаните бракови помеѓу глуви лица и лица со слух изнесуваат 65 проценти од вкупниот број на бракови на глуви лица во крајот на деветнаесетти век, ( повисок % од просекот во САД од 20%) и знаковниот јазик на Мартас Вињард беше подеднакво употребуван и од лицата со слух и од глувите лица сè до средината на дваесеттиот век.Ова овозможи глувите лица лесно да се вклопат во општеството. Во дваесеттиот век, на островот, туризамот стана главна гранка на стопанството. Меѓутоа, туризмот како работа не беше толку наклонет кон глувите лица како што беа риболовот и земјоделството. Според тоа, како што мешаните бракови и понатамошната миграција ги доближија луѓето од Мартас Вињард до копното, островската заедница сè повеќе и повеќе наликуваше на поширока заедница. Последното глуво лице родено во знаковно јазичната традиција на островот, Кејти Вест (Katie West), почина во 1952 година, но неколку постари жители можеа да го распознаваат знаковниот јазик на Мартас Вињард до 1980 години кога започна истрaжувањето на јазикот.

Политичка застапеност

[уреди | уреди извор]

Мартас Вињард се состои од шест градови. Секој град е раководен од одбор на избраници, избрани од гласачи од градот, преку годишни и периодични градски состаноци. Секој град е исто така член на Комисијата на Мартас Вињард, која ги регулира градежните, еколошките и естетските интереси на островот. Некои владини програми на островот се поделени по региони, како што се школскиот систем, управување со вонредни ситуации и управување со отпадоци. Се прават напори за понатамошна поделба на региони во однос на спроведувањето на законот, третирање на водата и владина регионализација. Исто така секој град следи одредени прописи од Округот Дјук. Градовите се:

  • Тисбури (Tisbury) во кој спаѓаат селото Вињард Хеван (Vineyard Haven) и полуостровот Вест Чоп (West Chop). Тој е главното пристаниште за влез на луѓе и товар, надополнето од сезонското пристаниште во Оук Блафс.
  • Едгартаун (Edgartown), во кој спаѓаат островот Чапаквидик и Катама (Katama). Едгартаун е познат по богатата традиција на китови, и тој е најголемиот град на островот по население и површина. Тој е еден од ,, водните’’ градови на островот.
  • Оук Блафс (Oak Bluffs) најмногу е познат по колибите како колач од ѓумбир, отвореното пристаниште и динамичниот живот долж авенијата Сиркуит. Оук Блуафс има репутација на еден од градовите со најдобар ноќен живот на островот како за жителите така и за туристите, и исто така е ,,воден ‘’ град. Тој бил познат како ,,Колибен град’’ пред да биде именуван како Оук Блафс. Во Оук Блафс има неколку заедници кои биле популарни места на богатите африкански американци уште од раниот дваесетти век.Во него исто така спаѓаат полуостровот Ист Чоп (East Chop) и Хартхеван (Harthaven).
  • Западен Тисбури е земјоделски центар на островот, и секоја година , при крајот на август во него се одржува Замјоделскиот панаѓур на МВ.
  • Чилмарк (Chilmark) во кој спаѓа и селото за риболов Менемша (Menemsha.). Чилмарк исто така е рурална средина и во него се простираат највисоките површини на островот.
  • Аквина (Aquinnah), претходно позната како Геј Хед. Аквина е седиште на индијанското племе Вампаноаг и е познат по гребените Геј Хед.

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

Воден тарнспорт

[уреди | уреди извор]

Мартас Вињард се наоѓа приближно на седум милји од јужниот брег на Кејп Код (Cape Cod). До него се стигнува со фериброд кој тргнува од Вудс Хол, Масачусетс (Woods Hole, Massachusetts) и со други ферибродови кои тргнуваат од Фалмут (Falmouth), Њу Бедфорт (New Bedford), Хајанис (Hyannis) и Консет Поинт, Род Ајленд (Quonset Point, Rhode Island). Стимшип Оторити (Steamship Authority) работи најмногу со кратките линии, додека другите помали фериброд сервиси работат со побрзите и подолги линии на ферибродовите до Род Ајленд и Хајанис.

Воздушен транспорт

[уреди | уреди извор]

Повратната авионска линија Кејп Еар (Cape Air) нуди чести авионски услуги до Мартас Вињард преку Аеродромот Мартас Вињард. Кејп Еар им нуди услуги на жителите на островот како и на туристите во текот на целата година за патување до Бостон, Хајанис, Њу Бедфорд, Провиденс и Нантакет. Таа исто така нуди сезонски услуги за патување до Вајт Плеинс (White Plains), Њујорк. Дополнителни услуги нудат и компаниите Континентал Експрес (Continental Express), како сезонски услуги до аеродромот Њуарк Либерти Интернешанал (Newark Liberty International Airport) и УС Ервеис Експрес (US Airways Express) која нуди патување до Њујорк- Ла Гардија (New York-LaGuardia) и Хајанис во текот на целата година, како и до Филаделфија (Philadelphia) и Вашингтон – Реган (Washington-Reagan ) во текот на сезоната.

Пренос на луѓе

[уреди | уреди извор]

Автобуските услуги на островот се понудени во текот на целата година од страна на Мартас Вињард Транзит Оторити (Martha's Vineyard Transit Authority).

Образование

[уреди | уреди извор]

,, Американските училишни автобуси со преден мотор’’-Сина птица, ги поседуваат и со нив вршат услуги државните училишта на Мартас Вињард. На островот фигурираат следните државни училишта:

  • Училиштето Едгартаун (К-8 одделенија)
  • Училиштето Западен Тисбури ( одделенија К-8)
  • Училиштето Оук Блафс ( одделенија К-8)
  • Училиштето Западен Тисбури ( одделенија К-8)
  • Училиштето Чилмарк (одделенија К-5)
  • Специјалното државно училиште на Мартас Вињард ( одделенија К-12)
  • Регионалното средно училиште на Мартас Вињард ( класови 9-12)

Во пет од шесте градови има основни училишта, освен во Аквина каде жителите најчесто посетуваат настава во основното училиште во Чилмарк. Во основното училиште во Чилмарк се одржува настава само до петто одделение, па учениците од шесто до осмо одделение посетуваат друго основно училиште, најчесто училиштето во Западен Тисбури. Регионалното средно училиште на Мартас Вињард, кое се наоѓа во Оук Блафс го посетуваат ученици од целиот остров.

Туризам и култура

[уреди | уреди извор]

Островот прерасна во туристичко одредиште примарно заради пријатното време во лето ( во текот на летото температурата ретко преминува 90 оF) и прекрасните плажи. Луѓето одат таму најпрво заради одмор и рекреација. Дружењето и забавите најмногу се одржуваат по куќите и поретко по градовите. За време на ерата на ловење на китови, богатите капетани и трговци од Бостон многу често граделе имоти на островот. Денес островот прерасна во едно од најпопуларните летни засолништа на исток, привлекувајќи бројни познати посетители. Во денешно време островот има население од 15 000 жители во шесте градови , коишто живеат на островот во текот на целата година, а во лето , населението достигнува до 100 000 жители и плус повеќе од 25 000 жители на краток временски рок кои доаѓаат и си одат со ферибродовите во текот на летната сезона. Најмногу посетеност има за викендот за 4 јули и викендот при крајот на август кога се одржува Земјоделскиот панаѓур. Воглавно , летната сезона трае од јуни до Денот на трудот, поклопувајќи се со месеците кога децата не одат на училиште. Во 1985 година Мартас Вињард и Чапаквидик станаа дел од Американската област на витикултура наменета за именување на вината со специфично потекло.

Вината произведени од грозје одгледувано на двата острови може да се продаваат со етикета на која стои ознаката Мартас Вињард АВА. Во градот Вест Тисбури се наоѓаше винаријата Чикама Вињардс, но таа престана со својата работа на 19 август 2008 година, по 37 години работа. Многу писатели беа инспирирани од островот- вклучувајќи го и писателот на мистерии Филип Крег (Philip Craig ) кој напиша неколку новели на островот. Други познати привлечни настани се годишното ,, Големо осветлување’’ во Оук Блафс; Филмското друштво на МВ кое прикажува филмови во текот на целата година; Филмскиот фестивал на МВ кој се одржува секоја среда во јули и август, а има и зимски филмски фестивал кој се одржува во март; Меѓународниот филмски фестивал на МВ во септември, Катама Фарм во Едгартаун; и Вртелешката ,,Летачки коњчиња’’ во Оук Блафс, најстарата вртелешка во Соединетите Држави.

Жители и живот на островот

[уреди | уреди извор]

Месните жители го нарекуваат островот ,, Вињард’’ а самите жители се наречени ,,вињарди’’. Луѓето кои се преселуваат од копното на островот се нарекуваат ,,вашашорс’’ (wash-a-shores). Малиот број на население кое живее на островот преку целата година е прилично многу вклучено во секојдневните активности на островот. Туризмот, идниот развој, политиката и многу други гранки се од голем интерес на заедницата. Интерес од најолема важност за жителите на островот е одржување рамнотежа помеѓу економијата за туризам, екологијата и дивиот свет на островот. Во споредба со сезонскиот прилив на богати посетители на островот, округот Дјук е еден од најсиромашните во државата. Жителите умеат да ги урамнотежат спротивностите и стресот во дадени ситуации, особено Комисијата на МВ и Општински служби на МВ, основани од Др. Милтон Меизер, автор на Луѓе и тешки ситуации , Живот и незгоди на Мартас Вињард..Најголем дел од жителите кои престојуваат на островот се богати посетители во текот на летото од североисточниот брег на САД. Иако многу ,,Вињарди’’ се жители кои живеат насекаде низ САД а и странство, островот се стреми да биде одредиште за луѓето од поблиската околина. Многу заедници низ островот се обидуваат за ги зачуваат семејните корени и во текот на животот се обидуваат да изградат добрососедски и пријателски населби. Покрај ова, многу посетители за време на летото изнајмуваат куќи, било за викенд или за цела сезона, па затоа островот е познат и како ,, дом настарна од дома’’. Заради многубројните високоугледни жители, филмските ѕвезди, политичарите, писателите и уметниците се здружуваат со нив и организираат добротворни настани и настани за собирање на средства за подигање на свеста за кревкиот екосистем на островот, како и за поддршка на организациите и услугите на заедницата. Најголем од овие настани е годишната Аукција: можни соништа..Познати славни личности кои живеат на островот или доаѓаат на посета се: Мајк Тајсон (Mike Tyson), американскиот претседател Барак Обама)Barack Obama), поранешниот претседател Бил Клинтон (Bill Clinton), државната секретарка Хилари Клинтон (Hillary Clinton); комичарот и шоумен Дејвид Летермен (David Letterman); Бил Мареј (Bill Murray); Кралицата Елизабета (Queen Elizabeth); Роџер Мур (Roger Moore);Марко Борсато (Marco Borsato), Квинси Џонс (Quincey Jones); Тед Дансон (Ted Danson) и жена му Мери Стинбурген (Mary Steenburgen); Лери Дејвид (Larry David); Браќата Фарели (Farelli); Мег Рајан (Meg Ryan) и музичарката Карли Сајмон (Carly Simon). Новинарот Мајк Волис (Mike Wallace) од 60 минути исто така е жител на островот за време на летото. Телевизискиот новинар Волтер Кронкајт (Walter Cronkite) исто така беше угледен жител за време на летото. Други познати посетители кои редовно го посетуваат островот се филмскиот режисер Спајк Ли (Spike Lee), адвокатот Ален Дершовиц ( Alan Dershowitz), комичарите Ден Ејкројд (Dan Aykroyd) и Џим Белуши (Jim Belushi), политичарот Вернон Џордан (Vernon Jordan) и новинарките Дајен Сојер (Diane Sawyer ) и Чарлин Хантер-Голт (Charlayne Hunter-Gault). Многу познати посетители беа забележани во последните година како Ризи Витерспун (Reese Witherspoon), Џејк Гајленхал (Jake Gyllenhaal) како и Чарлиевите ангели Кејт Џексон (Kate Jackson), Стенли Тучи (Stanley Tucci), Бијонсе Ноулс ( Beyoncé Knowles), Џеј Зи (Jay-Z),Том Велинг (Tom Welling), Стивен Тајлер (Steven Tyler) и Реј Романо (Ray Romano). И покрај посетеноста од познати личности како ,, Источен Холивуд’’, островот е дискретно и тивко место; познатите доаѓаат тука за да уживаат во атмосферата , а не за да бидат видени.

Месните жители се обидуваат да ја зачуваат приватноста на славните личности. Најголем дел од социјалниот живот на островот се одвива на приватните места, а не во малите градови , од кои само во два се продава алкохол. Слично на ова, многу од богатите црнечки семејства од државата уживаат вековна традиција на летување на островот. Воглавно сместени во или околината на Оук Блафс и Ист Чоп, овие семејства традиционално ја претставуваат црнечката елита од Бостон, Вашингтон ДС и Њујорк. Денес, богати црнечки семејства од цела Америка доаѓаат на островот, а заедницата е позната како популарно летно одредиште на судии, физичари, стопанственици, хирурзи, адвокати, писатели, политичари и професори. Традиционалното присуство на црнечки жители на островот придонело за псевдонимот на една од најпопуларните плажи во Оук Блафс. Позната како ,, Инквел ( мастило)’’, оваа мала плажа е главна плажа во Оук Блафс и претсавува одредиште за кратки прошетки на најпознатите црнечки семејства. The Inkwell (1994 година), режиран од Мети Рич ја доближиува заедницата на островот. Мартас Вињард исто така претставува дом на бројни уметници и музичари, како: Иван Дандо (Evan Dando), Тим ,,Џони Вегас’’ Бартон (Tim "Johnny Vegas" Burton) од Mighty Mighty Bosstones, Џејмс Тејлор (James Taylor), Ливингстон Тејлор (Livingston Taylor), Кејт Тејлор( Kate Taylor), Алекс Тејлор (Alex Taylor), Том Раш (Tom Rush), Геоф Малдар (Geoff Muldaur), Марија Малдар (Maria Muldaur), Џони Хој (Johnny Hoy and the Bluefish), Вили Мејсон (Willy Mason),Unbusted, Мајк Николс (Mike Nichols), Гордон Хили (Gordon Healy), Кахутс (Kahoots) и Слим- Боб Берош (Slim-Bob Berosh). Историчарот и автор Дејвид Мек Кулох исто така е жител на островот, како што се и авторите: Џуди Блам (Judy Blume), Норман Бридвел (Norman Bridwell) , и Шел Силверстеин (Shel Silverstein). Авторот Вилијам Стајрон (William Styron) живееше на островот, исто како и писателот, новинар и учител Џон Херси (John Hersey), поетот и романописец Дороти Вест (Dorothy West) и артистот Томас Харт Бентон (Thomas Hart Benton.). Победничката на The Academy Award Патриша Нил (Patricia Neal) поседува куќа во Едгартаун, а Џејмс Кагни (James Cagney), Лилијан Хелмен (Lillian Hellman), и Кетрин Корнел (Katherine Cornell) сметаат дека островот е извонредно место за живеење. Населението кое живее на островот во текот на цела година во просек заработува 30 % помалку од другите жители во државата, додека животните трошоци се 60 % повисоки од просекот..Многу луѓе се селат на поприфатливи околини. Во последните неколку години бројот на учениците кои се запишуваат во училиште опаѓа. Типичен дом на артисти, музичари и други креативци, островот е место каде живеат луѓе кои работејќки неколку работи за време на летото, успеваат да се одморат некое време во зима. Недостатокот на добри куќи за живеење на островот ги принуди многу семејства да се иселат настрана од одтровот. Сè поголем и поголем е бројот на работници кои живеат на Кејп Код и доаѓаат со фериброд на островот да се одморат. На островот има голема заедница од Бразилски имигранти кои воглавно работат на одржувањето на просториите за одмор на островот.Постојаните жители на островот се најдоа во редовите на извадок во Лондон Телеграф (London Telegraph) прикажувајќи ја ,, темната страна на Мартас Вињард’’.

Значајни места

[уреди | уреди извор]
  • Steamship Authority на пристаништето во Вињард Хеван (транспорт до Вудс Хол и Њу Бедфорд во текот на целата година)
  • Паркот Овен и езерцето Legion FieldLake Tashmoo како и Tashmoo Overlook
  • Пристаништето Tashmoo OpeningVineyard Haven Harbor
  • Лагуната Marine RailwayThe LagoonThe Black Dog
  • Театарот Капавок.
  • Вест Чоп, вклучувајќи ги и светилникот и шумите во Вест Чоп.
  • Бродоградилиштето на Мартас Вињард (со традиција од 150 години)

Оук Блафс

[уреди | уреди извор]

Колибите како колач од ѓумбир во Оук Блафс, Мартас Вињард.

  • Пристаништето Steamship Authority ( сезонски транспорт до Видс Хол и Њу Бедфорд, Масачусетс)
  • Пристаништето во Оук Блафс ( транспорт во текот на целата година до Фалмут, Масачусетс и сезонски транспорт до Хајанис и Нантакет, Масачусетс и Консет Поинт, Род Ајленд.
  • Вртелешката Летачки коњчиња ( најстарата вртелешка во САД)
  • Авенијата Сиркуит и тетарската улица
  • Веслијен Гроув ( Wesleyan Grove) исто така познато како Друштво на кампувачи на Мартас Вињард или ,, Кампови’’, вклучувајќи ги и преку 350 колиби како колач од ѓумбир кои го опкрижуваат Методистичкиот Храм кој служи како седиште на заедницата.
  • Паркот Оушан, паркот Хаивата и паркот Виера
  • Фармата Нек Голф Корс
  • Плажите Стеит бич и Инквел бич ( позната по филмот The Inkwell)
  • Шумата Manuel F. Correllus State Forest
  • Ист Чоп, вклучувајќи го и светилникот во Ист Чоп
  • Иствил
  • Хартхевен

Едгартаун

[уреди | уреди извор]

Едгартаун е стар град познат по ловење на китови кој во 20 век прерасна во летен град на едрење и плажи. Тој се одликува со куќи кои датираат од XVIII и XIX век, како и со добро зачувани домови на ловџии и значајни цркви. Овде е сниман филмот Ајкули и овој е измислениот град во новелата ,, Пријателство’’ од Питер Бенкли.

Светилникот во Едгартаун, еден од петте светилници на островот се наоѓа на почетокот на пристаништето во Едгартаун. Може да се виде ако одите северно на улицата Норт Вотер Стрит пред хотелот Харборвју Хотел.

Ферибродот ,,На време’’ ( исто така познат како Чепи фери) е така наречен не затоа што нема распоред за движење на бродовите туку затоа што бродовите кои ја минуваат оваа рута биле изгардени на време , без задоцнување во изградбата. Патувањето од Мартас Вињард до Чапаквидик трае 2-3 минути.

  • Пристаништето и светилникот на Едгартаун
  • Црквата на ловџиите на китови водена од Друштвото за зачувување на традицијата на МВ.
  • Засолништето за диви животни Феликс Нек предводено од Massachusetts Audubon Society.
  • Катама, вклучувајќи ја плажата Саут Бич и аеродромот Катама.
  • Чапаквидик- вклучувајќи го ферибродот, Митуа, Мостот Дјук Бриџ, Васк и засолништето на диви животни Кејп Пог како и светилникот.

Западен Тисбури

[уреди | уреди извор]
  • Аеродромот Мартас Вињард
  • Кристијантаун, вклучувајќи го засолништето Cedar Tree Neck Sanctuary и капелата Меихји Чапел
  • Греинџ хол (The Grange Hall)
  • Продавницата Alley's General Store
  • Северен Тисбури, заливот Lambert's Cove ( вклучувајќи ја плажата Lambert's Cove Beach и мочуриштето Seth's Pond) и Маконики.
  • Менемша, вклучувајќи го пристаништето Менемша ( познато по прекрасната глетка со заоѓање на сонцето), мочуриштето Менемша понд ( познато по едрење и кајакарење) и ,,Сквид Роу’’
  • Плажата Луси Бинсент Бич
  • Реката Тиасквам Ривер
  • Резерватот Менемша хилс
  • Седиштето на заедницата на Чилмарк
  • Битлбанг Корнер.

Аквина ( претходно наречена Геј Хед)

[уреди | уреди извор]
  • Гребените Геј Хед
  • Светилникот Геј Хед
  • Селото на јастози

Познати плажи

[уреди | уреди извор]
  • Кејп Пог
  • Инквел
  • Ламбетрс Коув Бич
  • Лобстервил Таун Бич
  • Луси Бинсент Бич
  • Саут Бич на Катама
  • Стеит Бич
  • Хартхевен Бич
  • Менемша Бич

Годишни настани

[уреди | уреди извор]

Сите градови

[уреди | уреди извор]
  • Годишно дерби помеѓу видовите риби Striped Bass и Bluefish ( од 13 септември -17 октомври)
  • Аквина
  • Музички фестивал во Аквина
  • Трка во Чилмарк ( август)
  • Филмски фестивал на Мартас Вињард

Едгартаун

[уреди | уреди извор]
  • Парада за 4 јули и огнометите
  • 12 метри долга трка на бродови во Едгартаун Јахт Клуб
  • Госишно дерби помеѓу видовите риби Striped Bass и Bluefish ( во рана есен).

Оук Блафс

[уреди | уреди извор]
  • Големо осветлување
  • Пристаништен фестивал во Оук Блафс
  • Годишни огномети на Оук Блафс .
  • Прослава ,, Џунтинт’’
  • Колиба Tall Timber's Gingerbread Cottage
  • Натпревар Monster Shark Tournament во Оук Блафс ( пренесуван на ЕСПН)
  • Филмски серии во вторник, во јуни и август
  • Фестиват Чили фестивал
  • Годишно дерби VFW Fluke Derby
  • Дерби помеѓу видовите риби Striped Bass и Bluefish ( во септември)
  • Годишен викенд натпревар Dick's Bait and Tackle Memorial day
  • Последен ден/ Прва ноќ, многу настани и огномети.
  • Уличен панаѓур во Тисбури
  • Меѓународен филмски фестивал на Мартас Вињард во септември
  • Секој декември со фериброд доаѓа Дедо Мраз

Западен Тисбури

[уреди | уреди извор]
  • Земјоделски саем на Мартас Вињард
  • Пазар на фармери
  • Пазар за болви во Чилмарк