Прејди на содржината

Латински деклинации

Од Википедија — слободната енциклопедија


Латинскиот е флексивен јазик, и како таков неговите именки, заменки, и придавки се деклинираат за да ја послужат нивната граматичка улога. Збир од деклинирани форми се нарекува деклинација. Во латинскиот има 5 деклинации, кои се набројани и групирани по наставка и род.

Целосната деклинација се состои од седум падежи:

  • Номинатив, кој се користи за изразување на предметот на исказот. Исто така се корсти и со копулативни глаголи.
  • Генитив, кој се користи за изразување на имателство, измерување или извор. На македонски, генетивот се претставува аналитички со зборот на; инфлексивно се употребуваат и наставките „-ов“, „-ва“ и „-во“ за еднина и „-ви“ за множина за бил кој род. Пр. (Марков Манастир, Маркова Река, Црешово Топче, Маврови Анови)
  • Датив, го искажува примателот на дејствието, т.е. индиректниот предмет на глаголот. На македонски, предлозите на, од и за најчесто ја вршат оваа улога аналитички. Меѓутоа падежните остатоци во македонскиот дозволуваат синтетичка употреба слична на латинскиот заедно со предлогот, во мешан манир - пр. Му реков на Игора. Тука наставката „-а“ ја врши улогата на датив, додека предлогот „на“ си го задржува местото и улогата, што не е случај со вистинските синтетички јазици.
  • Акузатив, кој го изразува директниот предмет на глаголот. На македонски, номинативот и акузативот се идентични, освен во случај остатоците од старасловенскиот (пр. кој > кому).
  • Вокатив, се користи за директно обраќање некому. Иако повеќе не се смета за падеж, овој граматички елемент е наполно присутен во македонскиот. Пр. мамо!, Мартине!, планино!, Боже!
  • Аблатив, кој изразува одделност, индирекција, или начин на изведба на нешто. Во македонскиот наместо тоа се користат предлозите крај, со и од.
  • Локатив, кој се користи за да се изрази место во или на кое, или во времето во кое, нешто се случило. Локативот скоро и да не постои во латинскиот, и важи само за некои имиња на места, и затоа е идентичен со дативот (во првата, втората и третата деклинација) и аблативот (во четвртата и петтата деклинација).

Деклинации на именки

[уреди | уреди извор]

Постојат 5 деклинации на именките во латинскиот јазик.

Прва деклинација

[уреди | уреди извор]

Именките од оваа деклинација обично завршуваат на –а и типично се од женски род. Значи буквата која предоминира на крајот од зборот е a.

Треба да се знае дека латинскиот нема членови и како таков не ги разликува зборовите девојка и девојката; истиот збор, puella, ги означува двете.

puella - ae (женски), девојка
Падеж Наставка Деклиниран облик Македонски
Еднина
Номинатив –a puella девојка/девојкин
Генитив –ae puellae на девојката
Датив –ae puellae на, за девојката
Акузатив –am puellam девојка(та)
Вокатив –a Puella! Девојко!
Аблатив –ā puellā крај, со, од девојката
Локатив –ae puellae кај девојката
Множина
Номинатив –ae puellae девојки
Генитив –ārum puellārum на девојките
Датив –īs puellīs на, за девојките
Акузатив –ās puellās девојки(те)
Вокатив –ae Puellae! Девојки!
Аблатив –īs puellīs крај со, заедно со, девојките
Локатив –īs puellīs кај девојките

Втора деклинација

[уреди | уреди извор]

Именките од оваа деклинација обично завршуваат на –us, –um, или –r и се типично од машки или среден род. ТУка предоминира буквата o на крајот од зборот.

servus (машки), роб
Падеж Наставка деклиниран облик Македонски
Еднина
Номинатив –us servus роб
Генитив –ī servī на робот/робовиот
Датив –ō servō на, за робот
Акузатив –um servum роб(от)
Вокатив –e Serve! Робу!
Аблатив –ō servō крај, со, од робот
Локатив –ō servō кај робот
Множина
Номинатив –ī servī робови
Генитив –ōrum servōrum на робовите
Датив –īs servīs на, за робовите
Акузатив –ōs servōs робови(те)
Вокатив –ī Servī! Робови!
Аблатив –īs servīs крај, со, од робовите
Локатив –īs servīs кај робовите
verbum (среден), збор
Падеж Наставка деклиниран облик Македонски
Еднина
Номинатив –um verbum збор
Генитив –ī verbī на зборот/зборовиот
Датив –ō verbō на, за зборот
Акузатив –um verbum збор(от)
Вокатив –um Verbum! Зборе!
Аблатив –ō verbō крај, со, од зборот
Локатив –ō verbō кај зборот
Множина
Номинатив –a verba зборови
Генитив –ōrum verbōrum на зборовите
Датив –īs verbīs на, за зборовите
Акузатив –a verba зборови(те)
Вокатив –a Verba! Зборови!
Аблатив –īs verbīs крај, со, од зборовите
Локатив –īs verbīs кај зборовите
ager (м.), поле
Падеж Наставка деклиниран облик Македонски
Еднина
Номинатив ager поле
Генитив –ī agrī на полето
Датив –ō agrō на, за полето
Акузатив –um agrum поле(то)
Вокатив Ager! Поле!
Аблатив –ō agrō крај, со, за полето
Локатив –ō agrō на полето
Множина
Номинатив –ī agrī полиња
Генитив –ōrum agrōrum на полињата
Датив –īs agrīs на, за полињата
Акузатив –ōs agrōs пол(е)иња
Вокатив –ī Agrī! Полиња!
Аблатив –īs agrīs крај, со, од полињата
Локатив –īs agrīs на полињата

Трета деклинација

[уреди | уреди извор]

Именките од третата деклинација завршуваат со согласка; тие се од женски, машки, и среден род.

rēx (м.), крал
Падеж Наставка деклиниран облик Македонски
Еднина
Номинатив rēx крал
Генитив –is rēgis на кралот/кралев
Датив –ī rēgī на, за кралот
Акузатив –em rēgem крал(от)
Вокатив Rēx! Кралу!
Аблатив –e rēge крај, со, од кралот
Локатив –ī rēgī кај кралот
Множина
Номинатив –ēs rēgēs кралеви
Генитив –um rēgum на кралевите
Датив –ibus rēgibus на, за кралевите
Акузатив –ēs rēgēs кралеви(те)
Вокатив –ēs Rēgēs! Кралеви!
Аблатив –ibus rēgibus крај, со, од кралевите
Локатив –ibus rēgibus кај кралевите
nōmen (среден), име
Падеж Наставка деклиниран облик Македонски
Еднина
Номинатив nōmen име
Генитив –is nōminis на името/имевото
Датив –ī nōminī на, за името
Акузатив nōmen име(то)
Вокатив Nōmen! Име!
Аблатив –e nōmine крај, со, од името
Локатив –ī nōminī кај името
Множина
Номинатив –a nōmina имиња
Генитив –um nōminum на имињата
Датив –ibus nōminibus на, за имињата
Акузатив –a nōmina имиња(та)
Вокатив –a Nōmina! Имиња!
Аблатив –ibus nōminibus крај, со, од имињата
Локатив –ibus nōminibus кај имињата
hostis (м.), непријател
Падеж Наставка деклиниран облик Македонски
Еднина
Номинатив –is hostis непријател
Генитив –is hostis на непријателот/непријателовиот
Датив –ī hostī на, за непријателот
Акузатив –em hostem (или hostim) непријател(от)
Вокатив –is Hostis! Непријателе!
Аблатив –e hoste (или hostī) крај, со, од непријателот
Локатив –ī hostī кај непријателот
Множина
Номинатив –ēs hostēs непријатели
Генитив –ium hostium на непријателите
Датив –ibus hostibus на, за непријателите
Акузатив –ēs hostēs (или hostīs) непријатели(те)
Вокатив –ēs Hostēs! Непријатели!
Аблатив –ibus hostibus крај, со, од непријателите
Локатив –ibus hostibus кај непријателите

Четврта деклинација

[уреди | уреди извор]

Именките од четвртата деклинација имаат (номинативна наставка) –us, и се обично од машки, или –ū, кои се секогаш од среден род. Кај овие именки предоминира буквата u на крајот.

lacus (м.), езеро
Падеж Наставка Деклиниран облик Македонски
Еднина
Номинатив –us lacus езеро
Генитив –ūs lacūs на езерото/езеровото
Датив –uī lacuī на, за езерото
Акузатив –um lacum езеро(то)
Вокатив –us Lacus! Езеро!
Аблатив –ū lacū крај, со, од езерото
Локатив –ū lacū кај езерото
Множина
Номинатив –ūs lacūs езера
Генитив –uum lacuum на езерата
Датив –ibus lacibus на, за езерата
Акузатив –ūs lacūs езера(та)
Вокатив –ūs Lacūs! Езера!
Аблатив –ibus lacibus крај, со, од езерата
Локатив –ibus lacibus кај езерата
cornū (n.), рог
Падеж Наставка Деклиниран облик Македонски
Еднина
Номинатив –ū cornū рог
Генитив –ūs cornūs на рогот/роговиот
Датив –ū cornū на, за рогот
Акузатив –ū cornū рог(от)
Вокатив –ū Cornū! Рогу!
Аблатив –ū cornū крај, со, од рогот
Локатив –ū cornū кај рогот
Множина
Номинатив –ua cornua рогови
Генитив –uum cornuum на роговите
Датив –ibus cornibus на, за роговите
Акузатив –ua cornua рогови(те)
Вокатив –ua Cornua! Рогови!
Аблатив –ibus cornibus крај, со, од роговите
Локатив –ibus cornibus кај роговите

Петта деклинација

[уреди | уреди извор]

Именките од петтата деклинација завршуваат со –ēs и речеси секогаш се од женски род.

Латински падеж: Петта деклинација, женски род
Еднина
Падеж Наставка Македонски prep. Пример Превод
Номинатив ēs - rēs нешто
Генитив -на reī на нештото/нештовото
Датив -на, -за reī на нештото
Акузатив em - rem нешто(то)
Вокатив ēs - rēs! Нешто!
Аблатив ē -со, -крај со нештото
Локатив ē -со, -покрај кај нештото
Множина
Падеж Наставка Македонски предлог Пример Превод
Номинатив ēs - rēs нешта
Генитив ērum -на rērum на нештата
Датив ēbus -на, -за rēbus на нештата
Акузатив ēs - rēs нешта(та)
Вокатив ēs - rēs Нешта!
Аблатив ēbus -со, -крај rēbus со нештата
Локатив ēbus -кај rēbus кај нештата

Пример II (парадигма diēs - ден )

Латински падеж: Петта деклинација, машки род
Еднина
Падеж Наставка Македонски предлог Пример Превод
Номинатив ēs - diēs денот
Генитив ēī -на diēī на денот/деновиот
Датив ēī -на, -за diēī на денот
Акузатив em - diem ден(от)
Вокатив ēs - diēs! Дену!
Аблатив ē -со, -крај diē со денот
Локатив ē -на diē на денот
Множина
Падеж Наставка Македонски предлог Пример Превод
Номинатив ēs - diēs деновите
Генитив ērum -на diērum на деновите
Датив ēbus -на, -за diēbus на деновите
Акузатив ēs - diēs денови(те)
Вокатив ēs - diēs Денови!
Аблатив ēbus -со, -крај diēbus со деновите
Локатив ēbus -на diēbus на деновите

Оваа класа на деклинација била позледната која се развила во латинскиот јазик; единствените именки кои наполно се деклинираат се diēs и fidēs.

Од зборот rēs доаѓа зборот rēs pūblica (република): нешто на луѓето.

Деклинации на придавки

[уреди | уреди извор]

Придавките се делат на две деклинациони класи. Првата („наречена прва и втора деклинација“) ги комбинира a и o-деклинациите на именки, со тоа што a-наставките се додаваат за женски, а o за машки род. Придавките од среден род од оцаа класа одат по шемата за именките од среден род од o-класата.

Другата класа на придавки (наречена „трета деклинација“) е слична на третата класа за именки, со важната разлика дека речиси сите вакви придавки прават аблатив еднина со -ī, а не со -e. Номинативната еднина на ови придавки исто така често се бележи за род на различни начини.

Една мала класа на придавки одат по т.н. „заменска деклинација“, објаснета подолу.

Деклинација на заменки

[уреди | уреди извор]

Односните и демонтративните заменки генерално се деклинираат како придавките од првата и втората деклинација, со следниве разлики:

  • номинативите често се неправилни
  • дативната еднина завршува на -ī, а не на -ae или -ō.
  • генитивната еднина завршува на -īus, а не на -ae или -ī.

„Заменската“ деклинација се распознава токму по овие разлики, а и неколку придавки ја следат оваа шема.

Показни заменки

[уреди | уреди извор]
Показна заменка: is/ea/id
Падеж Еднина Множина
Машки Женски Среден Машки Женски Среден
Номинатив is ea id eae ea
Генитив eius eius eius eōrum eārum eōrum
Датив eīs eīs eīs
Акузатив eum eam id eōs eās ea
Вокатив is ea id eae ea
Аблатив eīs eīs eīs
Локатив eius eīs eīs eīs
Показна заменка: ille/illa/illud
Падеж Еднина Множина
Машки Женски Среден Машки Женски Среден
Номинатив ille illa illud illī illae illa
Генитив illīus illīus illīus illōrum illārum illōrum
Датив illī illī illī illīs illīs illīs
Акузатив illum illam illud illōs illās illa
Вокатив ille illa illud illī illae illa
Аблатив illō illā illō illīs illīs illīs
Локатив illō illius illō illīs illīs illīs
Показна заменка: hic/haec/hoc
Падеж Еднина Множина
Машки Женски Среден Машки Женски Среден
Номинатив hic haec hoc hae haec
Генитив huius huius huius hōrum hārum hōrum
Датив huic huic huic hīs hīs hīs
Акузатив hunc hanc hoc hōs hās haec
Вокатив hic haec hoc hae haec
Аблатив hōc hāc hōc hīs hīs hīs
Локатив hōc huius hōc hīs hīs hīs
Односна заменка: qui/quae/quod
Падеж Еднина Множина
Машки Женски Среден Машки Женски Среден
Номинатив quī quae quod quī quae quae
Генитив cuius cuius cuius quōrum quārum quōrum
Датив cui cui cui quibus quibus quibus
Акузатив quem quam quod quōs quās quae
Вокатив quī quae quod quī quae quae
Аблатив quō quā quō quibus quibus quibus
Локатив quō cuius quō quibus quibus quibus

Лични заменки

[уреди | уреди извор]
Односна заменка: is/ea/id
Падеж Еднина Множина
Машки Женски Среден Машки Женски Среден
Номинатив is ea id eae ea
Генитив eius eius eius eōrum eārum eōrum
Датив eīs eīs eīs
Акузатив eum eam id eōs eās ea
Вокатив is ea id eae ea
Аблатив eīs eīs eīs
Локатив eius eīs eīs eīs
Односна заменка: ille/illa/illud
Падеж Еднина Множина
Машки Женски Среден Машки Женски Среден
Номинатив ille illa illud illī illae illa
Генитив illīus illīus illīus illōrum illārum illōrum
Датив illī illī illī illīs illīs illīs
Акузатив illum illam illud illōs illās illa
Вокатив ille illa illud illī illae illa
Аблатив illō illā illō illīs illīs illīs
Локатив illō illius illō illīs illīs illīs
Односна заменка: hic/haec/hoc
Падеж Еднина Множина
Машки Женски Среден Машки Женски Среден
Номинатив hic haec hoc hae haec
Генитив huius huius huius hōrum hārum hōrum
Датив huic huic huic hīs hīs hīs
Акузатив hunc hanc hoc hōs hās haec
Вокатив hic haec hoc hae haec
Аблатив hōc hāc hōc hīs hīs hīs
Локатив hōc huius hōc hīs hīs hīs
Односна заменка: qui/quae/quod
Падеж Еднина Множина
Машки Женски Среден Машки Женски Среден
Номинатив quī quae quod quī quae quae
Генитив cuius cuius cuius quōrum quārum quōrum
Датив cui cui cui quibus quibus quibus
Акузатив quem quam quod quōs quās quae
Вокатив quī quae quod quī quae quae
Аблатив quō quā quō quibus quibus quibus
Локатив quō cuius quō quibus quibus quibus

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викикниги
Викикниги
Викикнигите имаат повеќе на оваа тема: