Прејди на содржината

Корисник:Тиверополник/облека2

Од Википедија — слободната енциклопедија

Облекувањето во периодот на Романиката

Развојот на средновековната облека може да биде поделен во три периоди: доромански (6-10 век), романски (10-12) и готски период (12-14). Во периодот на раниот среден век, облеката како и материјалите сеуште се изработувале во зависност од местото на живеење на феудалците. Дури во текот на 11 век, со развојот на градовите и рачното производство, започнале да се појавуваат мали шивари за шиење на облека, каде најчесто како основен материјал за изработка била волната, која останала примарна ткаенина за облека од сите класи, додека започнал да се употребува и ленот а свилата, како и во претходниот период, останала достапна единствено за аристократските семејства главно поради својата висока цена. Крзното се носело како внатрешна обвивка за да се постигне поголема топлина. Исклучително популарно било крзното од верверица, кое може да се види во многу ракописни илустрации.

Романската уметност се однесува на уметноста на Европа од крајот на 10 век и траела до појавата на готскиот стил кон крајот на 12 век. Овој стил бил првиот стил што се раширил низ цела Католичка Европа. Терминот Романика бил усвоен од историчарите на уметноста од 19 век за да се опише архитектурата од 11 и 12 век која имала одлики на класичната римска архитектура. Како термин во модата, името е малку погрешно бидејќи европските облеки од овој период не содржале класични римски стилови на ист начин како што било во архитектурата. Во овој период немало значителни промени во облеката од претходните периоди. Таа останала многу слична во времето на Каролинзите (династија која владеела со Франкија), а мала промена се случила кон средината на 12 век, кога долгите облеки влегле во општа употреба. Но, треба да се напомене дека фустанот се оддалечил од византискиот фустан на еден важен начин -бил машката облека била многу поразлична од женската. Естетски стилот на романиката бил едноставн, со долга, текстурирана ткаенина, била користена волната, ленот или крзното. Боите кои се користеле биле сини, црвени, жолти, зелени. Богатите носеле облека со силни контрасни бои, како сина или пурпурна, додека обичниот народ носел темно сиви и кафеави бои. Жолтата боја не се носела, бидејќи се сметала за боја на неверство и омраза.

Англискиот крал Едгар
Светоримскиот крал Хенри IV
Две жени во романски стил

Женските и машките костуми на романиката се на многу начини слични на оние од Римското Царство, бидејќи се засноваат на туника. Исто како и во античко време, не постои јасна разлика помеѓу машката и женската облека - основата на мажите во стилот на романтиката и женските носии е туниката. Концептот за мода сè уште не се појавил. Модата дошла малку подоцна, во готскиот период, во дворот на Бургундија. Сепак, облеката постепено започнала да се сече, но таа не се шиела од едно парче ткаенина.

Така, во 11 век, сечењето се појавило со три шевови (шевови од среден грб и странични шевови), благодарение на што горниот дел од женската и машката облека се прилагодил точно според фигурата. Во исто време, долната страна на облеката често се проширувала со триаголни клинови.

Должината на фустанот се менувала во зависност од времето. Во 12 век должината била веднаш над колена, до 13 век, должината на облеката започнала да ги достигнува глуждовите. Јаката на фустанот и нејзиниот ремен биле украсени со единечен украс.

Машка облека

[уреди | уреди извор]

Машката облека се состоела од две туники, облечени една врз друга. Во почетокот, должината на туниката била до колената, но во текот на 11 век таа веќе била многу подолга, во должина до средината на листовите. Во овој период, најдолга била туниката на кралот, по кое следувала пократката на аристократските семејства и најкусите кои биле резервирани за војниците. Како составен дел од машката облека, долната туника била изработена со тесни долги ракави, често украсена или навезена, додека горната туника била со широки ракави. Секогаш туниката била врзувала со ремен, а нејзиното деколте најчесто било во полукружна или правоаголна форма.

Во овој период, луѓето носеле долна облека (chemise или памучна долна облека), претходник на кошулата, која требало да послужи како заштитен слој за кожата од облеката. Често биле правени од волна.

Во текот на 11 век, формата на машката облека имала големо влијание од формата на рицарската облека. Долгата и широка машка облека започнала да се заменува со пократка. Со појавата на феудалните грбови, бојата на самите грбови извршила влијание и над бојата на облеката. Омилени комбинации на бои од средниот век биле црвена/розова и зелена, црвена и сина боја. На пример, ако бојата на предниот дел на наметката е сина, тогаш задниот дел од наметката бил најчесто црвен. Кај аристократските семејства на пример, десната страна на блиото можела да биде црвена, левата зелена. Овие облеки најмногу ги носеле младите.

Во периодот на средниот век, мажите задолжително носеле чакшири (вид на панталони, изработувани од сура или бела клашна, а некаде и од црна. Биле кроени со должина до глуждовите, а на долниот дел се закопчувале со капаци. Околу џебовите и рабовите биле украсувани со црни гајтани. Празничните чакшири во горниот дел биле пошироки). Тие имале долги ногавици кои биле со должина до глуждовите и биле тесни во вид на трико (плетена растеглива ткаенина). Брич панталони (на англиски: breeches - куси или полукуси панталони, горе широки, а долу тесно залепени за нозете, спортски или офицерски панталони за јавање) биле употребувани за коњаницата, како и хеланките.

Мантијата се носела облечена над сите останати делови од облеката. Таа имала закруглени краишта, со светла боја и често била опшиена со кожа. Исто така биле употребувани и носени и (на англиски/француски: braies), вид долни панталони како гаќи и тесни хулахопки.

Останато

[уреди | уреди извор]

Потоа следувале меки кожни чевли или чизми. Широките општествени слоеви носеле обувки со помалку нагласен врв, а околу ногата се врзувале со врвци. Фризурата кај мажите била едноставна. Должината на косата достигнувала до почетокот на вратот, а напред го покривала малку и челото. Мажите често биле избричени, без мустаќи и често носеле на главата цветни венчиња како и жените. На главата најчесто носеле капуљачи и конусовидни капи. Во текот на 11 век во употреба влегле и ракавиците.


Женска облека

[уреди | уреди извор]

Женската облека се состоела од две туники, повторно облечени една врз друга. Ракавите на долната туника (на француски: кот) биле долги и тесни и оваа туника најчесто била затворена околу вратот, додека на горната туника (на француски: суркот) биле широки и куси. Оваа туника се носела со ремен спуштен до колковите. Струкот бил покачен повисоко од своето место. Правењето набори на струкот на оваа туника ја нагласувало почитта кон бремените жени. Женските туники биле потесни и пократки од машките. Туниката обично била изработена од грубо ткаена волна, пософистициран фустан и од поквалитетни ткаенини. Покрај долгите ракави, се користел и ремен кој бил врзуван на половините од телото. Така, со текот на времето, краевите од туниката биле спуштени во долниот дел на облеката, и самата туника започнала да личи на фустан со кружно деколте и тесни рамења, во голема мера раширена во долниот дел.

Останато

[уреди | уреди извор]

Друг индикатор за овој временски период е должината на косата на дамите. Долгите плетенки биле многу чести кај жените од сите возрасти во овој временски период. Честопати, панделките се вткаени во плетенките. Омажените жени ја покривале косата со разни покривала на главата. Најкарактеристично било покривалото во вид на марама од бела ткаенина со отвор на лицето. Овој вид на марама целосно ја покривал главата и рамениците.

Исто така кај женските на големо била употребата на разни велови, траки и обрачи. Обрачите најчесто се накитувале со различни природни цветови. Како украси се користеле прстени, фибули и.т.н.

Останати елементи

[уреди | уреди извор]
  • Стола. Нова иновација, донесена од исток, проткаена облека била Bliaut односно стола. Столата е лабава горна надворешна облека (т.е. облечена над главата) која е изработена од свила или волнена ткаенина и е тесна на половината. Машкиот сјај во романиката имал две опции - слободен со широко здолниште и ремен или тесен на половината и широко здолниште без ремен.
  • Горжетот Gorget (вид на накит), исто така бил користен завиткан околу вратот.
  • Лирипипот Liripipe (наметка со капа) често се употртебувал. (долга опашка на наметката). Појасот бил изработен од кожа или од свила, и висел сè до глуждовите.
  • Cross-gartering била техника што вклучувала завиткување на ленти од ткаенина или кожа околу ногата со цел да се задржи Hose (вид на хулахопки) нагоре.