Корисник:Sikavica

Од Википедија — слободната енциклопедија

Не знам што би требало да напишам на оваа страница. Најголемиот број на корисници ја користат да напишат нешто за себе. Јас тоа нема да го направам (барем не директно), од проста причина што мразам да се пишуваат лични податоци по Интернетов.

На Википедијава сум за да пишувам (препишувам, менувам) статии за светските писатели и најверојатно ќе се задржам на таа област. Се заложувам кога нешто ќе биде поставено тоа да биде од корист за некој потенцијален читател. Значи, кога внесувам некое вики гледам да допрената тема да биде што подобро опишана. Ова е некој вид на симболичка препорака до сите „автори“ на македонската Википедија. Се извинувам кога почнувам да пишувам нешто и ќе го оставам „на пола“, без креирање на внатрешни линкови и слично. Обично при вакво однесување се поправам со враќање на статијата по неколку дена и нејзино условно завршување.

Не можам да издржам а да не ги пофалам администраторите. Мислам дека стварно даваат сè од себе за да направат нешто за Википедијата, а и за самата македонска култура. Се надевам дека ќе се потрудиме максимално да им помогнеме и да ја обликуваме оваа енциклопедија онака како што му доликува на овој народ.