Корисник:A.petrovski.sise/Благуњо дејче

Од Википедија — слободната енциклопедија

Срце ме боли за Трпана била испеана некаде во првите години на дваесеттиот век. Како и повеќето староградски песни, таа зборува за една неостварена љубов. Тука се работи за љубовта на тетовецот Симо сарафот кон младата Трпана, ќерка на Ано Јаковчев, бакалинот.[1]

Историја на настанувањето[уреди | уреди извор]

Симо сарафот бил еден од побогатите тетовци. Се вљубил во убавата Трпана и испратил стројници кај татко ѝ Ане да ја побараат. На изненадување на сите, одговорот бил негативен. Трпана се мажи на 14 години за Миљан Пајков, догармаџијата, а Симо сарафот, разочаран, заминува за Америка.

По неполна година, Трпана го раѓа синот Спирко, а потоа младоженецот Миљан умира. Тоа ги повраќа надежите на Симо сарафот дека сепак ќе ја ожени Трпана. Се враќа од Америка и патувајќи, на бродот, ја создава Срце ме боли за Трпана. По враќањето во Тетово, праќа стројници да ја сврши Трпана, сега како вдовица. Но, одговорот на Ано Јаковчев е пак негативен.

Трпана се мажи за вдовецот Илија Николовски. Со него раѓа пет деца, три ќерки и два сина[2]. Умира во 1963 година, на 78-годишна возраст.

Изведби[уреди | уреди извор]

Песната Срце ме боли за Трпана е, по Благуњо дејче, пожаранче, најизведувана тетовска староградска песна.


Текст[уреди | уреди извор]

Срце ме боли ќе умрем,

јандум аман,

од мерак за Трпана.

Многу градови сум шетау,

јандум аман,

Како тебе не најдов.

Па се вратив Тетоо,

најдум аман,

да га свршим Трпана.

Ако ме сакаш, сакај ме,

јандум аман.

Ако ме нејќеш, кажи ми,

да си го тражим чарето.

Видете исто така[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кочоски, Владимир (2006). Песни и судбини. Тетово: Печатница Напредок. ISBN 9989-730-47-4.
  2. Андонов, Зоран. „ПЕСНАТА „СРЦЕ МЕ БОЛИ ОД МЕРАК ЗА ТРПАНА" ЈА НАПИШАЛ ТЕТОВЕЦОТ СИМО ОТИ НИ ЗА ПАРИ НЕ МОЖЕЛ ДА СИ КУПИ ЉУБОВ". www.sdk.mk.