Еди Сеџвик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Еди Сеџвик
Податотека:Edie1.jpg
Еди Сеџвик (средина) одCiao! Manhattan.
Роден(а)Едит Минтурн Сеџвик
20 април 1943(1943-04-20)
Санта Барбара , Калифорнија, САД
Починал(а)ноември 16, 1971(1971-11-16) (возр. 28)
Санта Барбара , Калифорнија, САД
Причина за смртПредозирање со барбитурати
ПочивалиштеГробишта Оук Хил
ЗанимањеУметникt џет-сетерка,модел, глумица
Активен период1965–1971
СопружникМајкл Пост ( 1971–1971 г.)

Едит Минтурн ‘Еди’ Сеџвик (англ. Edith Minturn "Edie" Sedgwick ),( 20 април 1943 година– 16 ноември ,1971 година) беше американска глумица, џет-сетерка, модел и наследничка. Таа е најпозната по тоа што беше една од ѕвездите на Енди Ворхол . Сеџвик станува позната како ‘Девојка на годината’ во 1965 година по улогите што ги има во неколку кратки филмови на Ворхол во 1960 -тите години.Проглаена е за ‘It Girl’, а списанието Вог исто така ја именуваше за ‘Youthquaker’.

Потекло и ран живот[уреди | уреди извор]

Еди Сеџвик е родена во Санта Барбара , Калифорнија, како ќерка на Алис Делано де Форес (1908 – 1988 г. ) и Францис Минтурн Сеџвик , (1904 -1967год. познат како ‘Duke’ или ‘Fuzzy’), филантроп, ранчер и вајар.Таа го добива името по тетката на нејзиниот татко, Едит Минтурн, славно насликани со нејзиниот маж, Исак Њутон Филпс – Стокс од Џон Серџант.

Фамилијата Сеџвик е поврзаната во историјата на Масачусетс. Нејзиниот седми пра-прадедо, роден англичанец, Роберт Сеџвик бил прв Генерал на колонијата на Заливот Масачусетс кои се населиле во Чарлстаун, Масачусетс во 1635 година. Фамилијата на Еди, подоцна потекнува од Стокбриџ,Масачусетс каде што нејзиниот пра-пра прадедо,судијата Теодор Сеџвик, се населил по Американската револуција. Теодор се оженил за Памела Двајт од фамилијата Двајт од Нова Англија, која што била ќерка на Абигејл (Вилијамс) Двајт, што значи дека Ефрејм Вилијам ,основачот на ‘Williams College’, бил нејзиниот петти прадедо. Теодор Сеџвик бил првиот што поднел приговор и победил во судски спор за слободата на црна жена,Елизабет Фримен, според Декларацијата за човекови права на Масачусетс во којшто се наведува дека сите луѓе се родени слободни и еднакви. Мајката на Сеџвик била ќерка на Хенри Вилер ди Форест (претседател и раководител на одборот на ‘Southern Pacific Railroad’ а и директен наследник на Џеси ди Форест чијашто ‘Dutch West India Company’ помогнала да се насели Нов Амстердам). Џеси ди Форест исто така е седми прадедо на Еди.Нејзиниот дедо по татко бил историчарот и реномираниот автор Хенри Двајт Сеџвик III; нејзината прабаба , Сузан Шо,била сестра на Роберт Гоулд Шо, полковник во Американската граѓанска војнач а нејзиниот пра-прадедо,Роберт Боун Сеџвик,бил ко-сопственик на ‘Flying Cloud’, бродот за летање , и е заслужен за создавање и промовирање на Централ Парк во Њујорк А нејзиниот пра-пра прадедо,Вилијам Елери,бил потписник на Декларацијата за Независност На Обединетите Американски Држави.

Таа била првата братучетка на глумицата Кира Сеџвик. Кира е ќерка на Хенри Двајт Сеџвик V (прв братучед на Еди),синот Роберт Минтурн Сеџвик,којшто бил постар брат на Францис Минтурн Сеџвик.

Покрај високиот општествен статус и богатството на нејзината фамилија , раниот живот на Еди бил проблематичен.Сите деца во фамилијата Сеџвик имале конфликтни односи со нивниот татко ‘Fuzzy’- којшто го обожавале, но од друга страна тој бил нарцисоиден,емоционално оддалечен,заповеднички настроен и често насилен.Нејзината најстара сестра Алис (‘Saucie’) се разделува од семејството а нејзините двајца постари браќа починале прерано.Францис (познат како ‘Minty’), која што имал лош однос со ‘Fuzzy’ , претрпел неколку нервни сломови и извршил самоубиство во 1964 година додека престојувал во психијатриска болница.Нејзиниот најстар брат Роберт (‘Bobby’) којшто исто така страдал до психички проблеми починал во сообраќајна незгода со мотор во 1965 година. Еди имала многу тежок однос со нејзиниот татко, којшто отворено имал афери со други жени.Во една прилика таа налетала на него додека тој имал секс со една од неговите швалерки.Таа пролетала во бес, но ‘Fuzzy’ тврдел дека Еди го замислила целиот настан. Како резултат на нејзините емоционални проблеми,Еди развива анорексија во нејзините рани тинејџерски години и се навикнува на долгогодишен начин на навлегување и прочистување.

Децата на фамилијата Сеџвик се израснати на ранчовите на нивната фамилија во Калифорнија .Првично се школувани дома и згрижени од страна на дадилките , нивните животи биле строго контролирани од страна на нивните родители, во голема мера биле изолирани од надворешниот свет и им било врежано дека тие се супериорни над останатите нивни врсници.На 13 години, (годината кога починал нејзиниот дедо ‘Babbo’) Еди почнала да оди во ‘Boston School’ во близина на Сан Франциско, но,според ‘Saucie’, таа за брзо време била отпишана од училиштето поради проблемите со нејзината анорексија.Во 1958 година, таа се запишала во’ St. Timothy’s School’ во Мериленд. По брзо време била оптишана од училиштето поради проблемите со нејзината анорексија.

Есента 1962 година , на инсистирање на ‘Fuzzy’, Сеџвик се посветила на болницата Силвер Хил во Њу Ханан, Конектикат.Според пациент од болницата ,Вирџинија Дејвис,режимот таму бил многу лабав, и Еди и нејзините пријателки често ја напуштале болницата по ручекот и оделе во градот на шопинг,полнејќи ги локалните продавниците со илјадници долари за купени производи на кредит.Еди лесно се спревувала со ситуацијата во Силвер Хил, но нејзината тежина продолжила да опаѓа на само 45 килограми. Поради тоа нејзиното семејство ја пренесува во ‘затворен’ објект во Блумингдејл , дел од болницата Њујорк во округот Вестчестер,Њујорк.Таму,благодарение на строгиот третман состојбата на Еди видливо се подобрува.Во периодот кога таа ја напуштила болницата ,имала кратка врска со студент од Харвард , останала бремена и со помош на нејзината мајка се одлучува на абортус.

Есента, 1963 година, Сеџвик се сели во Кембриџ Масачусетс и почнува да учи скулптура со нејзиниот братучед , познат уметник, Лили Саринен,којшто бил женет со познатата финско-американска архитектка Иро Саринен.Лили за својата братучетка Еди вели: ‘Таа беше многу несигурна во врска со мажите,сепак сите мажи ја сакаа’. Во овој период таа се забавуваше со членови на високата боемска сцена од Харвард, која што вклучување и многу хомосексуалци.

Сеџвик беше длабоко повредена од смртта на нејзините браќа, коишто починаа во рок од 18 месеци , Францис (со прекар ‘Minty’) исто така имал проблематичен живот; станува алкохоличар во неговите рани тинејџерски години користејќи мешавина од алкохол и дрога , а кон крајот на 1963 година доживува нервен слом и беше примен во болницата Белеви пред да биде пренесен во Силвер Хил..Според негодиот пријател Ед Хенеси,Сеџвик му кажува дека ‘Minty’ конечно му признал на неговиот татко дека е хомосексуалец и дека тоа многу го налутило ‘Fuzzy’ кој рекол дека повеќе никогаш нема да зборува со него.Набрзо по овој настан ,во мај 1964 година, на денот пред неговиот 26-ти роденден,’Minty’ се обесил со јаже на вратата на неговата бања во Силвер Хил.. До смртта на ‘Minty’ , Сеџвик се преселува во Њујорк. Првично живее со нејзината сенилна баба која што имала стан на 75-та улица, но во доцната есен 1964 година таа зема стан на ‘East Sixties’ помеѓу петтата авенија и Медисон, којшто мајка и раскошно го уредила.Еди се оддава на постојана забава и го троши нејзиниот фонд со зачудувачка стапка;според нејзиниот пријател Том Гудвин таа потрошила 80 илјади долари само за шест месеци и купила огромен број на облека ,накит и козметика. Откако нејзиниот ‘шофер’ го удрил сивиот Мерцедес којшто таа го добила од нејзиниот татко, Еди почнува постојано да користи лимузини, одејќи од компанија во компанија секој пат кога ќе го истроши нејзиниот фонд.Таа исто така почнува да експериментира со дроги и се навлекува на ‘LSD’ од страна на нејзините пријатели од Кембриџ ,Томоти Лери и Ричард Алперт (двајца истакнати професори од Харвард коишто ја искажуваат важноста на духовната вредност на LSD-то).

Најстариот брат на Сеџвик,’Bobby’, исто така искусува сериозни ментални проблеми и кон крајот на 1963 година, неколку месеци по нервниот слом на ‘Minty’,и ‘Bobby’ доживува нервен слом и неговата сестра’ Saucie’ морала да го натера да го примат во Белеви.Тој почнува да се самоуништува, удирајќи спортски автомобил и брзо возејќи без заштитен оклоп го неговниот моќен мотор ‘Harley Davidson’ .’Bobby’,бил замолен да не присуствува на божиќниот собин на семејството Сеџвик во Калифонија (според ‘Saucie’,неговиот татко му рекол на ‘Bobby’ дека ‘лошо влијае’ на другите деца) и на 31 декември ,1964 година ‘Bobby’ претрпува сериозни повреди на главата кога неговиот велосипед се удрил во автобус на осмата авенија во Њујорк; тој никогаш не се враќа при свест и починал во болница дваесет дена подоцна,на 31 година.Еди му кажува на нејзиниот пријател Гилијан Вокер дека таа знаела дека ‘Bobby’ ќе почине и дека тој се самоубил.Според мислењето на Вокер, Сеџвик се справувала со овие трагедии со потиснување на нејзините чувства и исфрлувајќи се во забавниот живот на Њујорк. Кратко по смртта на ‘Bobby’, Сеџвик се повредува во сообраќајна незгода во Калифорнија во која што таа добиваа скршеница на коленото.Таа се плаши дека нејзиниот татко ќе го искористи тоа како причина да ја врати назад на психијатриска нега па со помош на нејзината мајка таа тајно ја напушта Калифорнија и се враќа во Њујорк.

Деновите во ‘The Factory’[уреди | уреди извор]

Во март,1965 година , Сеџвик го запознава уметникот и авангардниот режисер на филмови Енди Ворхол во станот на Лестер Пески.Таа почнува да оди редовно во ‘The Factory’ во март 1965 година со нејзиниот пријател,Чак Вин .За време на една од постетите , Ворхол го снима ‘Vinyl’,неговото толкување на романот ‘A Clockwork Orange’. И покрај тоа што сите ликови во ‘Vinyl’ се машки, Ворхол ја става Сеџвик во филмот.Таа исто така има мало покажување пред камера во филмот на Ворхол, ‘Horse’,кога се појавува на крајот од филмот.Иако настапите на Сеџвик во двата филма се кратки, тие предизвикуваат толку големи интереси по коишто Ворхол одлучува да создаде возило во кое таа ќе може да блеска. Прв од овие филмови ,’Poor Little Rich Girl’,првично замислен како дел од серии во кој настапува Сеџвик, наречена ‘Poor Little Rich Girl Saga’. Во сериите се вклучени ‘Poor Little Rich Girl’ во ресторант, лице и попладне.Снимањето на филмот ‘Poor Little Rich Girl’ започнува во март 1965 година во станот на Сеџвик.Првата филмска ролна покажува како Сеџвик се буди, порачувајќи кафе и сок од портокал и нанесувајќи ја нејзината шминка во тишина со слушање на плоча од ‘Everly Brothers’. Поради проблеми со камерата,снимката од првата ролна е целосно непрегледна.Втората ролна се состои од како Сеџвик пуши цигари,разговара на телефон, пробува облека и објаснува како таа го потрошила целото наследство во рок од шест месеци. На 30 април,1965 година,Ворхол ги носи Сеџвик,Чак Вин и Жерард Малага на отворањето на неговата изложба во ‘Sonnabend Gallery’ во Париз.На враќање во Њујорк, Ворхол бара од неговиот сценарист ,Роналд Товел, да напише сценарио за Сеџвик,’нешто во кујна-нешто бело,и чисто,и пластично’,според Рик Брнс,Ворхол рекол: ‘Andy Warhol: A Documentary Film’.Резултатот бил филмот ‘Kitchen’, во кој настапуваат Сеџвик, Рене Ричард, Роџер Трудеј, Доналд Лајонс и Електра.По ‘Kitchen’, Чак Вин го заменува Рон Товел како сценарист и помошник режисер за снимањето на филмот ‘Beauty no.2’, во којшто Сеџвик се појавува со Џино Писерчио. ‘Beauty No.2’ ја има својата премиера на ‘Film-Makers Cinemathique’ во ‘Astor Palace Playhouse’; на 17 јули. Филмовите на Ворхол се комерцијално неуспешни и ретко се гледани надвор од кругот на ‘The Factory’, но како растела озогласеноста за Сеџвик, мејнстрим медиумите почнуваат да известуваат за нејзините настапи во андерграунд филмовите на Ворхол и за нејзиниот необичен моден стил. Во овој период, таа развива нејзин ‘заштитен знак’ – црни хулахопки, краток фустан и големи обетки како свеќници. Сеџвик ја стрижи косата кратко и ја бојадисува нејзината природно кафена коса со сребрен спреј, создавајќи сличен изглед со периките коишто ги носи Ворхол.Ворхол ја именува како негова ‘Суперѕвезда ’ и двајцата се фотографирани заедно на различни елитни настани.

Во текот на 1965 година Сеџвик и Ворхол продолжуваат да прават филмови заедно – ‘Outer and Inner Space’, ‘Prison, Lupe’ и ‘Chelsea Girls’. Но, кон крајот на 1965 година односот помеѓу Сеџвик и Ворхол се заладува и Сеџвик бара од Ворхол повеќе да не прикажува ниту еден од нејзините филмови. Таа бара снимката што таа ја снимила за ‘Chelsea Girls’ да биде отстранета и е заменета со снимка од Нико, со обоени светла насочени кон нејзиното лице и музика од ‘The Velvet Underground’ пуштена во позадина. Снимката од Сеџвик во ‘Chelsea Girls’ подоцна ќе стане филмот ‘Afternoon’. Се мисли дека ‘Lupe’ е последниот филм на Сеџвик со Ворхол , но Сеџвик го сними ‘The Andy Warhol Story’ со Рене Ричард во 1966 година, скоро една година откако го снима филмот ‘Lupe’. ‘The Andy Warhol Story’ е необјавен филм кој само еднаш е прикажан во ‘The Factory’.Филмот во кој настапува Сеџвик заедно со Рене Ричард кој сатирично се преправа дека е Енди Ворхол, се смета дека е или изгубен или уништен.

Боб Дилан и Боб Њувирт[уреди | уреди извор]

По нејзиното оддалечување од внатрешниот круг на Ворхол, Сеџвик започнува да живее во хотелот ‘Chelsea’ каде што се зближува со Боб Дилан. Пријателите на Дилан конечно ја убедуваат Сеџвик за потпише договор со менаџерот на Дилан, Алберт Гросман.Врската на Сеџвик и Дилан завршува кога Сеџвик дознава дека Дилан тајно се венчал со Сара Лоундс – нешто што таа го дознава од Ворхол за време на нивна расправија во ресторанот Gingerman во февруари 1966 година. Според Пол Морисеј, Сеџвик рекла: Тие (луѓето на Дилан) ќе снимаат филм и јас би требало да настапувам во него со ‘Bobby’ (Дилан).’Наднаш, ‘Bobby’ ова ,’Bobby’ она и тие сфатија дека таа има чувства кон него.Тие мислеа дека тој ја залажува , бидејќи истиот ден Енди во канцеларијата на неговиот адвокат слушнал дека пред неколку месеци Дилан тајно се венчал – тој се венчал со Сара Лоундс во ноември 1965 години...Енди не можел да издржи а да не праша , ‘Еди, дали знаеше дека Боб Дилан се оженил? Taa трепереше. Тие увидоа дека таа навистина мислела дека таа влегува во врска со Дилан , во која тој не бил искрен. Во декември 2006 година, неколку недели пред излегувањето на контраверзниот ‘Factory Girl’ ,’Weinstein Company’ и продуцентите на филмот го интервјуираат постариот брат на Сеџвик,Џонатан, кој потврдува дека ‘таа имала абортус на детето што (по претпоставка) го носела од Дилан’. Џонатан Сеџвик, конструктор на авиони во пензија,летал од Ајдахо до Њујорк за издавачот да ја запознае Сиена Милер ,која што ја одигра неговата помала сестра , и исто така да даде осум-часовно интервју со детали за наводната врска помеѓу Еди и Дилан , која што издавачот ја објави во медиумите. Џонатан, тврди дека абортусот се случил откако ‘Еди беше лошо повредена во судир на мотори и беше однесена во ургентен центар. Како резултат на несреќата, докторите ја праќаат во психијатриска болница каде што беше лекувана од зависност од дрога’. Не постојат болнички податоци ниту пак податоци во семејството Сеџвик кој би ја потврдиле оваа приказна.И покрај тоа, братот на Еди исто така тврди дека ‘Персоналот утврди дека таа е бремена но, стравувајќи дека бебето е оштетено од употебата на дрога и анорексијата, ја присилија да направи абортус.’Сепак, според личните медицински податоци на Еди Сеџвик и лентата за оралната животна историја направена една година пред нејзината смрт за нејзиниот последен филм ,’Ciao!Manhattan’, има веродостоен доказ дека единствениот абортус што таа го имала во нејзиниот живот бил на 20 годишна возраст во 1963 година. Низ поголемиот дел од 1966 година,Сеџвик е во интензивна интимна но сепак бурна врска со блискиот пријател на Дилан, Боб Њувирт. Во овој период , таа станува значајно зависна од барбитурати. Иако таа користи многу наркотични средства, нема ниту еден доказ дека Сеџвик некогаш станала зависник од хероин.На почетокот од 1967 година, не можејќи да се справи со употребата на наркотични средства и нејзиното променливо однесување, Њувирт ја прекинува нивната врска.

Подоцнежни години[уреди | уреди извор]

Сеџвик се пријавува на аудиција за драмата на Норман Маилер, ‘The deer Park’, но Маилер мисли дека таа ‘не е многу добра..Таа искористи толку многу од неа со секој ред , што знаевме дека таа ќе биде исцрпена по три изведби.’ Во април 1967 година,Сеџвик почнува да го снима,андерграунд филмот, ‘Ciao!Manhattan’.По снимањето на првичните снимки во Њујорк, режисерите Џон Палмер и Дејвис Вајсман продолжуваат да работат на филмот во следните пет години.Поради влошеното здравје на Сеџвик ,таа се враќа во Калифорнија кај нејзиното семејство ,поминувајќи време во неколку различни психијатриски установи.Во август 1969 година,таа е хоспитализирана во психијатрискиот оддел во болницата Котиџ откако е упасена од локалната полиција за користење на дрога. Додека е во болницата,Сеџвик запознава друг пациент,Мајкл Брет Пост,со кој подоцна се венча.Сеџвик повторно престојува во болница и летото 1970 година,но подоцна е пуштена под надзор на психијатар, две сестри и режисерот Џон Палмер и неговата жена Џенет. Жестоко, решена да го заврши филмот ‘Ciao!Manhattan’ и како што кажува понатаму,Сеџвик снима аудио ленти коишто се одразуваат на нејзината животна приказна, што им овозможува на Вајсмен и Палмер да вклучат нејзиниот приказ во драматичниот лак на филмот.

Последни години и смрт[уреди | уреди извор]

Сеџвик се венча со Мајкл Пост на 24 јули 1971 година и под негово влијание таа прекинува да употребува алкохол и други наркотични средства за краток период.Нејзината трезност трае до октомври, кога и даваат лек против болки за да се лекува од психичка болест.Таа останува под надзор на нејзиниот психијатар доктор Велс, којшто и препишува барбитурати, но таа ќе бара повеќе апчиња или ќе тврди дека ги изгубила со цел да зема повеќе и секогаш лековите ги комбинира со алкохол.Пост подоцна е задолжен за земањето на нејзините лекови;по препорака на нејзиниот доктор ,таа зема по најмалку две таблети од 300мг. ‘Quaalude’ и две капсули од ‘Tuinal’ секоја вечер, како и нејзиното тајно конзумирање на алкохол и други наркотични средства. Ноќта на 15 ноември 1971 година,Сеџвик оди на модно шоу во музејот ‘Santa Barbara’ ,дел којшто бил снимен за телевизиското шоу ‘An American Family’.По модното шоу, таа присуствува на забава каде што (според кажувањата на нејзиниот сопруг и девер) пијан гостин ја навредил со тоа што ја нарекол зависник од хероин и постојано велејќи дека нејзиниот брак ќе се распадне.Сеџвик му се јавува на Пост,којшто доаѓа на забавата ја гледа Сеџвик како е вознемирена од нападите, и ја носи назад во нивниот стан околу еден часот по полноќ. По пат накај дома, Сеџвик кажува за несигурноста околу нивнит брак .Пред да оди на спиење Пост и дава на Сеџвик лек кој бил препишан за неа.Според Пост,Сеџвик почнала брзо да се успива и нејзиното дишење било,’лошо – звучење како да има голема дупка во нејзините бели дробови’,но тој го поврзал тоа со нејзината зависност од цигари и оди на спиење. Кога Пост се разбудил утрината околу 7.30, Сеџвик била мртва. Вештакот ја утврдува смртта на Сеџвик како ‘непозната/несреќа/самоубиство’. Нејзината смрт е констатирана во 9.20 часот и е наведено дека причина за тоа било ‘можно труење со барбитурат’ како резултат на труење со етанол.Нивото на алкохол во крвта на Сеџвик изнесувало 0.17% а нивото на барбитурат 0.48%. Таа беше 28 години. Сеџвик не е закопана во алејата на Сеџвик туку во малата гробишта Оук Хил во Билард , Калифорнија. На нејзиниот споменик стои ‘Едит Сеџвик Пост – жена на Мајк Брет Пост 1943 – 1971 година.’ Нејзината мајка Алис е закопана до неа во 1988 година.

Во популарната култура[уреди | уреди извор]

    • Песните на Боб Дилан ‘Just Like a Woman’ ‘Leopard-Skin Pill-Box Hat’ од неговиот албум ‘Blonde on Blonde’ од 1966 година се наменети за Сеџвик. Неговата бр.2 песна од 1965 година ‘Like a Rolling Stone’ исто така е инспирирана од неа.
    • •Песната ‘Femme Fatale’на групата ‘The Velvet Underground’ од нивниот албум од 1967 година ‘The Velvet Underground & Nico’ е за Еди Сеџвик.
    • Во 1980 тите , Ворен Бити ги откупува правата за животната приказна за Еди и имал во план да прави филм со Моли Ринвалд, настапувајќи како Сеџвик. Исто така е објавено дека филмот ‘The War at Home’ треба да биде заснован на нејзиниот живот во периодот на годините во ‘the Factory’, со Линда Фиорентино која требало да ја глупи неа. Требало да биде заснован на измислениот лик на Џон Бурум , човек од средна класа којшто се вљубува во неа.Ништо од сето тоа не е направено.
    • Песната ‘Little Miss S’ ,на групата ‘Edie Brickell & the New Bohemians’ од албумот ‘Shooting Rubberbands at the Stars’ од 1988 година е за годините коишто Еди Сеџвик ги поминала во Њујорк.
    • Во 1989 година, групата ‘The Cult’ ја издава песната ‘Edie (Ciao Baby)’ за да го промовира нивниот прв албум ‘Sonic Tample’. На топ листите во Америка се искачува на 17-то место.
    • Во филмската адаптација на групата ‘The Doors’, глумицата Џенифер Рубин се појавува на видеото како Еди.
    • Во 2002 година, во филмот ‘Igby Goes Down’ , ликот Аманда Пит, Рејчел е опишан како ‘копија на Еди Сеџвик ’ и низ целиот филм се облекува во облека инспирирана од Еди.
    • Режисерот Мајк Николс и глумицата Натали Портман сакаа да прават филм за Еди и Енди Варол но наместо тоа одлучуваат да снимаат адаптација на драмата на Патрик Марбел , ‘Closer’ објавен во 2004 година.
    • Сиена Милер ја игра Сеџвик во филмот ‘Factory Girl’ на Џорџ Хикенлупер, во филмот за животот на Сеџвик ,објавен во декември 2006 година. Филмот го прикажува Варол , кој го игра Гај Пирс , како циник којшто ја води Еди до психијатриски проблеми и подоцна смрт. Драмата на Хајден Кристенсен, ‘Billy Quinn’, е очигледен конгломерат на различни ликови но коишто личат на Боб Дилан. (Од 2006 година, Дилан се заканува дека ќе поднесе тужба за клевета, изјавуваќи дека филмот го прикажува него како тој да ја води Сеџвик кон нејзина пропаст и смрт).Мажот на Сеџвик, Мајкл Пост , се појавува како такси возач во една од последните сцени на филмот.
    • Во 2004 година , на Бродвеј десет дена се прикажуваше претставата, со наслов ‘Andy& Edie’, напишана и режирана од Питер Браунстејн. Миша Мур, која што ја игра Сеџвик, во медиумите се претстави дека таа е внука на Сеџвик.По барање на семејството Сеџвик , весникот ‘New York Times’ објави вест со поправка.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филмови
Година Наслов Улога Белешки
1965 година Horse се појавува
1965 година Vinyl се појавува
1965 година Bitch
1965 година Screen Test No.1 таа самата
1965 година Screen Test No.2 таа самата
1965 година Poor Little Rich Girl
1965 година Face
1965година Restaurant
1965 година Kitchen
1965 година Afternoon
1965 година Space
1965 година Beauty II
1965 година Factory Diaries
1965 година Outer and Inner Space
1965 година Prison[1] Друг наслов: Girls in Prison
1966 година Lupe
1966 година Andy Warhol Story, TheThe Andy Warhol Story
1967–1968 **** Друг наслов: The Four Star Movie
1969 година Diaries, Notes and Sketches таа самата Друг наслов Walden
1972 година Ciao! Manhattan Сузан Суперстар

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Victor Bockris и Gerard Malanga: Uptight: The Velvet Underground Story
  • Victor Bockris: Andy Warhol
  • Michael Opray: Andy Warhol. Film Factory
  • Jean Stein: Edie: American Girl
  • Andy Warhol: The Philosophy of Andy Warhol
  • Melissa Painter и David Weisman: Edie: Girl on Fire Book and Film
  • Steven Watson: Factory Made: Warhol And the Sixties
  • Nat Finkelstein и David Dalton: Edie: Factory Girl

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kern, Lauren (May 3, 2004), „Andy's Baby: A Warhol screen-test subject watches her celluloid debut for the first time.“, New York Magazine