Египетска замисла за душата
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Египќаните верувале во постоење на душа и во нејзино живеење и по смртта личноста. Во нивната замисла за душата тие разликуваат пет елементи, а тоа се: Ка, Ба, Ак, Името и Сенката. Ка е животната сила или спиритуалниот двојник (двојното јас) на личноста, кое според некои верувања не било елемент од личноста, туку одвоен дел од себе за што се мислело дека ја предводи судбината на личноста во животот, односно во следниот живот. Така се верувало дека кога личноста ќе умрела таа се соединувала со своето Ка. Благородното Ка го симболизирало фараоновото право да владее и тоа било универзална сила која преминувала од еден фараон на друг. Ба го претставува материјалното присуство на личноста, кое ја напуштало личноста кога ќе умрела. Било претставено како птица со глава на човек. Египќаните носеле храна, вода и разни други материјални добра во гробницата на починатата личност за да се задоволат потребите на Ба, кои се исти како и основните потреби на личноста додека била жива. Се верувало дека Ба се соединува со Ка кога телото на покојникот се мумифицира. Ак има долга историја во египетското верување. Тоа претставувало соединувањето на Ка и Ба по смртта на личноста. Во ваков случај Ак претставувал некој вид на дух. Потоа Ак го претставувал оној дел од личноста кој ќе се соедини со боговите во подземниот свет и ќе биде бесмртен и непроменлив. Во некои подоцнежни верувања се сметало дека Ка се претворало во Ба и Ак по смртта на личноста; и во овој случај се сметало дека Ак извесно време престојувало во подземниот свет пред да се врати и да се реинкарнира во Ка, добивајќи ново Ба. Разделувањето на Ак и Ба / соединувањето на Ка и Ба било направено по смртта со користење на погребни текстови и магии, направени за да создадат ново Ак. Со тоа било осигурано личноста да не умре по вторпат. Името на личноста живеело сè додека било изговарано и затоа биле вложувани трудови да се заштити нечие име. Се користело магично јаже кое го опкружувало името за да го заштити вечно. Сенката била претставувана како мала човечка фигура обоена целосно во црно. Се верувало дека човек не можел да постои без неговата сенка, ниту сенката без човекот.
Наводи
[уреди | уреди извор]- Египетска религија — египетската идеја за задгробниот живот — Е.А. Волис Баџ