Ева Екеблад
Изглед
Ева Екеблад (родена како Де Гарди; 10 јули 1724 - 15 мај 1786) — шведска грофица, водителка на салон, агрономка и научничка. Таа била широко позната по тоа што во 1746 открила метод за правење алкохол и брашно од компири, овозможувајќи поголема употреба на оскудни зрна за производство на храна, со што значително се намалува појавата на гладот во Шведска.
Екеблад била првата жена членка на Кралската шведска академија на науките (1748).[1][2][3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Riksarkivet Band 12 (1949), p.637
- ↑ „Eva Ekeblad“. www.bgf.nu. Архивирано од изворникот на 14 March 2016.
- ↑ Anteckningar om svenska qvinnor, Wilhelmina Stålberg, P. G. Berg. 1864, pp. 130–131