Корисник:Ivanov992

Од Википедија — слободната енциклопедија

Технофобија[уреди | уреди извор]

Технофобија (technophobia) е страв или одбивност кон модерната технологија. Во определени случаи се користи во смисла на ирационален страв, а во други нејзините застапници тврдат дека стравот се заснова на оправдани причини. Нејзина спротивност е технофилија – голем ентузијазам поврзан со новите технологии, како компјутерите, интернет, мобилните телефони и домашното кино.

Технофобијата во популарната култура Терминот технофобија може да се користи и за опишување на многу пошироки стравови во врска со потенцијалот на технологијата за примена на моќ и контрола во општеството. Првото дело од жанрот научна фантастика, „Франкеншајн“ од Мери Шели, зборува за стравот на научникот Виктор Франкенштајн од суштеството кое го создал. Технофобијата е присутна во модерната популарна култура, а особено во филмовите и телевизиските серии. На пример, во епизода на серијата „Зона на самракот“ од 1960 година наречена „Нешто во врска со машините“ главниот лик е новинар кој ги мрази многуте машини во својот дом и кои на крај физички го конфронтираат. Во основа на серијата романи „Дина“ е забраната за создавање „машини коишто мислат“ оти нивното постоење довело до истребувачки војни. Технофобијата е тема на филмови од осумдесеттите во кои главни ликови се разуларени роботи, како „Терминаторот“, како и Аш и Бишоп во серијата „Вонземјанин“ во која е прикажана и технофобијата на иднината: „високотехнолошки расизам и апартхејд кон андроидите“. Поновите примери како „Терминатор 2: судниот ден“ и серијата „Матрикс“ прикажуваат иднина во која вештачката интелигенција го истребува или поробува поголем дел од човештвото. Покрај тоа, популарната и долгогодишна серија „Ѕвездени патеки“, која традиционално е про-технолошка, кон средината на деведесеттите постигна голем успех со користење на подемот на технофобијата и прикажување на технологијата како опасна и сеопфатна сила. Разултат е креирањето на Борг, вид кој во минатото бил сличен на човештвото, но по целосно интегрирање со својата сеприсутна технологија веќе не личат на луѓе. Оваа серија постигна успеси и со повторно актуелизирање на темата на хипотетичката Еугеничката трета светска војна во 21 век, во која генетски променети луѓе се обидуваат да ги поробат непроменетите.