ХК Карлскрона

Од Википедија — слободната енциклопедија

ХК „Карлскрона“ е хокеарски клуб од градот Карлскрона, Шведска, кој моментално се натпреварува во првата хокеарска шведска лига. Домашните натпревари ги игра во арената „Карлскрона арена“ со капацитет од 5.050 гледачи. Боите на клубот се портокалова, црна и бела.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Хокеарските клуб на Карлскрона е формиран во 2001 година врз темелите на екипата на Карлскрона ИК кој истата година банкротирала.

Клубот својата професионална активност ја започнал во сезоната 2008/09 година кога успеал да се квалификува за влез за настап во третата лига.

Во сезоната 2012/13 година тимот успеал да влезе во втората шведска лига, а сезоната 2014/15 Карлскрона за прв пат влегува во најелитното хокеарско натпреварување во Шведска.

Најдобриот резултат го има во сезоната 2016/17 кога тимот го освојува 11то место.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Karlskrona HK team page“. eliteprospects.com. 2016-05-06. Посетено на 2016-05-06.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]