Увозни квоти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Увозна квота е вид на трговско ограничување што поставува физичко ограничување на количината на добро што може да се увезе во земја во одреден временски период.

Економски ефекти на увозните квоти[уреди | уреди извор]

Квотите се количински ограничувања на меѓународната трговија, но нивните економски ефекти се слични на оние на царините (кои се ценовни ограничувања). На пример, со увозните квоти се ограничува количеството на некој производ што може да се увезе во земјата. Така, квотите ја намалуваат понудата на домашниот пазар и предизвикуваат пораст на цената на производот. Слично на царините, тоа предизвикува намалување на побарувачката и потрошувачката на производот, како и вклучување на домашните неефикасни фирми во производството и продажбата на тој производ. Меѓутоа, квотите не ги зголемуваат приходите во државниот буџет, а тоа значи дека тие им предизвикуваат загуба на потрошувачите (ја намалуваат нивната благосостојба), а придобивките од квотите (профитот) целосно одат во рацете на фирмите кои ги добиле квотите за увоз на некој производ. Поради тоа, квотите се најштетниот инструмент на протекционистичката политика.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Таки Фити, Економија. Скопје: Економски факултет – Скопје, 2006, стр. 465.