Разлика помеѓу преработките на „Социјалдемократска младина на Македонија“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
нема опис на уредувањето
[[Слика:Logo SDMM.jpg|рамкамини|350п|Социјалдемократска младина на Македонија]]
 
 
 
'''Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ)''' е основана на 9-ти ноември 1991 година и од тогаш постои и функционира како подмладок на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Имајќи ја предвид актуелната економско - политичка ситуација во Македонија, Социјалдемократската младина на Македонија активно се вклучува во промовирањето на новата политичка платформа на СДСМ претставена во програмата Решенија за Македонија.
 
Во таа насока, СДММ денес се залага за обезбедување на:развој на демократијата, зголемување на слободата и промовирање на еднаквоста; развој на економијата, стабилен животен стандард и намалување на сиромаштијата и невработеноста; создавање на нов социјален договор, за намалување на социјалните разлики и зголемување на граѓанската партиципација; за зајакнување на институциите на системот преку воведување на стандарди за професионалност и ефикасност; за промовирање на модел на корпоративно управување во промовирањето и имплементирањето на политичките решенија; поголема соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор; поголема соработка помеѓу власта и граѓаните; негување на политичката култура на дијалог и толеранција како инструмент за надминување на политичките, верските, етничките и сите други поделби кои постојат во Македонија; и конечно, целосна и успешна интеграција во НАТО и ЕУ <ref>[http://www.sdsm.org.mk/Default.aspx?mId=59&lId=1]</ref>.
 
{{http://www.sdsm.org.mk/Default.aspx?mId=59&lId=1}}
 
 
== Меѓународна соработка ==
Меѓународната соработка на Социјалдемократската младина на Македонија е во надлежност на раководителот на секторот за меѓународна соработка избран од редовите на Извршниот одбор на СДММ.
 
Во текот на својата меѓународна активност, Социјалдемократската младина на Македонија се стекна со статус на полноправна членка (прифатена под уставното име) на IUSY (Интернационална унија на социјалистички и социјалдемократски подмладоци), ECOSY (Европски комитет на социјалистички и социјалдемократски подмладоци), BYNU (Балканската младинска мрежа за разбирање) и други организации. СДММ активно учествува и во регионалната мрежа на младинските организации на социјалдемократските партии – СД9 <ref>[http://www.sdsm.org.mk/Default.aspx?mId=113&lId=1]</ref>.
 
== Извори ==
{{http://www.sdsm.org.mk/Default.aspx?mId=113&lId=1}}
{{наводи}}

Прегледник