Бесправно доселување: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 44: Ред 44:

Теоријата на структурната побарувачка тврди дека ваквите случаи покажуваат дека не постои директна конкуренција помеѓу неквалификуваните нелегални имигранти и локалните работници. Ова е концептот поради кој нелегалните имигранти “прифаќаат работни места кои никој друг не би ги прифатил.” Меси тврди дека ова има одредени последици за политиката, како на пример може да ги отфрли тврдењата дека нелегалните имигранти ги “намалуваат платите” и дека им ги крадат работните места на локалните работници.

====Сиромаштија====
Иако економските модели го испитуваат релативното богатството и приходот помеѓу матичните земји и земјите-дестинации, тие не мора неопходно да подразбираат дека нелегалните мигранти се секогаш осиромашени од стандардите на матичната земја. Кај најсиромашните слоеви во земјите во развој може да се појави недостаток од ресурси кои им се потребни за да се обидат да преминат нелегално или да ги одржат врските со пријателите или семејството во земјата-дестинација. Истражувањата на центарот “Пју” покажаа дека нивоата на образование и плата кај нелегалните мексикански имигранти во САД се наоѓаат околу средината за Мексико , а роднините кои емигрирале или водат потекло од заедница со многу емигранти се многу поголем показател за нечиј избор да емигрира.

Други примери покажуваат дека порастот на сиромаштијата , особено кога е поврзана со непосредна криза, може да ја зголеми можноста за нелегална миграција. Економската криза во Мексико од 1994 година , која настапи по започнувањето на Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА), беше поврзана со распространувањето на сиромаштијата и пониското вреднување на пезото во однос на доларот. Исто така таа го означи почетокот на масивниот бран на емиграција во Мексико, во кој нето нелегалната миграција во САД секоја година се зголемуваше почнувајќи од средината на осумдесеттите па се до средината на првата декада од 21 век.

Исто така, постојат примери каде што природните непогоди и пренаселеноста можат да го зголемат приливот на миграции предизвикани од сиромаштијата.

Преработка од 17:54, 21 мај 2011

Предлошка:Во изработкa

Терминологија

Со нелегалната имиграција се опишуваат луѓето кои без формална дозвола влегуваат во некоја земја. Постојат голем број гледишта за нелегалната имиграција кои зависат од политичка гледна точка :

  • Странец со нелегален престој
  • Нелегален имигрант
  • Нелегални работници
  • Sans papiers/ “без документи”
  • Нелегален имигрант/мигрант/странец/работник/жител
  • Луѓе кои “се кријат/живеат/престојуваат/работат во сенка”
  • Непријавен имигрант/мигрант/странец/работник/жител
  • Имигрант/мигрант/странец/работник/жител без дозвола за работа
  • Имигрант/мигрант/странец/работник/жител без документи
  • Имигрант “без статус на имигрант/без легален статус”
  • Имигрант/мигрант/странец/работник/жител чија виза е истечена и нелегално престојува во земјата
  • Имигрант/мигрант/странец/работник/жител кој не е натурализиран
  • Бегалци кои се обидуваат да избегаат со чамец од својата родна земја во други земји т.н.“boat people“

Причини

Економија и пазари на трудот

Иако постојат други причини кои се поврзуваат со посиромашните земји (опишано подолу),најчестата мотивација за нелегалните имигранти е потрагата по поголеми економски можности и квалитет на живеење во земјата-дестинација. Според основната причина за трошок/корист за нелегална имиграција, потенцијалните имигранти сметаат дека веројатноста и придобивките од успешното мигрирање во земјата-дестинација се поголеми од трошоците. Овие трошоци можат да вклучат ограничувања на живеењето како нелегален имигрант во земјата-дестинација, оставајќи ги зад себе семејството и начинот на живеење , како и веројатноста дека можат да бидат фатени и санкциите кои произлегуваат од тоа. Предложените економски модели, кои се засноваат на рамката на трошок/корист, имаат различни размислувања и степени на сложеност.

Неокласичен модел

Неокласичниот економски модел само ја разгледува веројатноста за успех при имигрирањето и наоѓањето работа, како и порастот на реалниот доход кој може да го очекува еден нелегален имигрант. Ова обајснување ги зема предвид економиите на двете земји , вклучувајќи колку од “факторите на привлекување” има земјата-дестинација во однос на подобро платени работни места и подобрувања во квалитетот на живеење. Исто така ги опишува и “факторите на одбивање” кои произлегуваат од негативните состојби во родната земја, како што се недостаток од вработувања или економска мобилност.

Исто така , неокласичната теорија ја зема предвид веројатноста за успешна нелегална емиграција. Факторите кои влијаат на ова се географската близина, граничната полиција, веројатноста и последиците од апсењето, олеснување на нелегалното вработување и можности за и легализација во иднина. Овој модел доаѓа до заклучок дека во земјата-дестинација нелегалните работници се стремат кон тоа да се вклучат и да се натпреваруваат со масата неквалификувани работници. Во овој модел нелегалните работници се успешни во наоѓањето работно место, со тоа што се подготвени да добиваат пониски плати отколку луѓето кои се родени во таа земја ,понекогаш и под минималната плата. Економистот Џорџ Борјас (George Borjas) ги поддржува гледиштата на овој модел , сметајќи дека реалните плати на работниците во САД кои немаат завршено средно училиште поради конкурентноста на нелегалните имигранти се намалија до 9 % од 1980 до 2000 година.

Како што може да се види од долгорочната заемна врска на релативните плати/вработувања и нелегалната имиграција од Мексико во САД, големите економски докази ја поддржуваат неокласичната теорија . Меѓутоа, научниците за имиграција како Гордон Хансон (Gordon Hanson) и Даглас Меси (Douglas Massey) го критикуваа моделот, бидејќи бил премногу едноставен и не ги земал предвид контрадикторните докази , како што е ниската нето нелегална имиграција од Мексико во САД во периодот пред осумдесеттите и покрај значајниот економски дебаланс.

Либерализација на трговијата

Во последниве години земјите во развој ги следат придобивките од глобализацијата со тоа што се залагаат за нејзино намалување со цел да ја либерализираат трговијата. Но, брзото отворање на домашни пазари може да доведе до раселување на голем број земјоделци или неквалификувани работници ,за кои постои поголема веројатност преку нелегална имиграција да бараат вработување и повисок квалитет на живеење. Ова е најчесто наведуван аргумент за да се објасни како Северноамериканската асоцијација за слободна трговија може да ги осиромаши земјоделците во Мексико кои не биле во можност да се натпреваруваат со повисоката продуктивност на субвенционираното земјоделство на САД , особено во однос на производството на пченка. Исто така НАФТА можеби неочекувано ги подобрила условите за образование за работните места во индустријата во Мексико , откако новите текстилни фабрики ориентирани кон извоз (maquiladora) произведоа производи за извоз за кои се потребни вештини и образование , што голем број работници го немаа.

Структурна побарувачка во развиените земји

Даглас Меси тврди дека во развиените земји разгранетиот пазар на трудот создава структурна побарувачка со цел неквалификуваните имигранти да ги пополнат оние работни места кои не се барани и кои граѓаните кои се родени во таа земја не ги прифаќаат, независно од висината на платите. Оваа теорија тврди дека постиндустриските економии имаат се поширок јаз помеѓу доброплатените , канцелариски работни места за кои се потребни се повисоки нивоа на образование и “човечки капитал” , за кои домородните граѓани и нелегалните имигранти можат да се квалификуваат да ги земат, како и работните места за лица со ниски квалификации кои се обележани и за кои не е потребно образование. Овие работни места кои се сметаат за „поткласа“ вклучуваат собирање на жетвата , неквалификувана работна сила во уредување на земјиште и градежништво, чистење куќи и работење како чистачка и помошник келнер во хотели и ресторани, секаде онаму каде што има непропорционален број нелегални работници.

Најголемиот дел од новите работни места на работничката класа се “поткласна” работа која ја споменавме погоре, што страда од несигурност (односно привремените работни места наспроти работа во фабрика), подредени улоги и недостаток од потенцијал за напредување. Во исто време , многу попривлечни се приправничките работни места и работните места во услужниот сектор . Овие им нудат можности за напредување на домородните работници со цел да влезат во доминантната образована класа , па дури и ако сега плаќаат исто или помалку од работната сила.

Оттука, оваа теорија тврди дека во една развиена земја како што е САД , каде што денес само 12 % од работната сила е само со завршено основно образование, постои недостаток од домородни работници кои немаат друг избор освен да прифатат да работат мануелна работа која не ја посакуваат. Од друга страна, нелегалните имигранти имаат многу пониско образование (околу 70 % од нелегалните работници кои од Мексико дошле во САД немаат завршено средно училиште). Тие сѐ уште сакаат да прифатат работни места кои се сметаат за „поткласа “,поради многу повисоките релативни плати отколку оние во нивната родна земја. Недостатокот од можност за напредување не им претставува проблем на нелегалните имигранти, бидејќи тие често очекуваат само привремено да работат во земјата-дестинација. Доказ за ова може да се види во една анкета на Центарот за истражување “Пју” извршена врз повеќе од 3 000 нелегални имигранти кои имигрирале од Мексико во САД , која покажа дека 79% доброволно би се приклучиле кон програма за привремена работа која би им овозможила легално да работат неколку години ,но која потоа ќе им наложи да заминат.

Теоријата на структурна побарувачка претпоставува дека волјата да се работи на непосакувано работно место ,отколку да се работи за вообичаените ниски плати е она што им овозможува на нелегалните имигранти да најдат работа.

Теоријата на структурната побарувачка тврди дека ваквите случаи покажуваат дека не постои директна конкуренција помеѓу неквалификуваните нелегални имигранти и локалните работници. Ова е концептот поради кој нелегалните имигранти “прифаќаат работни места кои никој друг не би ги прифатил.” Меси тврди дека ова има одредени последици за политиката, како на пример може да ги отфрли тврдењата дека нелегалните имигранти ги “намалуваат платите” и дека им ги крадат работните места на локалните работници.

Сиромаштија