Разлика помеѓу преработките на „Теорија на книжевноста“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
нема опис на уредувањето
 
== Теорија на литература и литература ==
Едно од основните прашања на теоријата на литературата е “што е литература?”, иако многу современи теоретичари и книжевни научници веруваат или дека “литературата” не може да се дефинира или дека може да се однесува на каква било употреба на јазикот. Одредени теории се разликуваат не само по нивните методи и заклучоци, туку дури и по тоа како тие го дефинираат “текстот”. За некои книжевни научници, “текстовите” се состојат не многу повеќе од ”книги кои припаѓаат на западниот книжевен канон”.Принципите и методите на теоријата на литература се применети и во популарната проза, филмот, историските документи, законот, рекламирањето и др. во областите поврзани со културни студии. Всушност, некои научници во рамките на културолошките студии ги третираат културните настани, како модата или фудбалските немири, како “текстови” кои треба да се интерпретираат. По оваа мера, теоријата на литература треба да се смета како генерална теорија на интерпретација.
 
Бидејќи теоретичарите на литературата често се огледуваат на многу хетерогена традиција на континентална филозофија и филозофија на јазикот, која било класификација на нивните пристапи е само приближување. Постојат многу “школи“ или видови на теорија на литература , кои имаат различни пристапи кон разбирањето на текстовите. Повеќето теоретичари, дури и меѓу оние кои се дадени подолу, комбинираат методи од повеќе од една од овие пристапи (на пример, деконструктивистичкиот пристап на Пол де Ман се темели на долга традиција на пажливо читање претставено од новите критичари, а де Ман е обучен во европската херменевтичка традиција).
 
Различни школи на теоријата кои историски биле важни се: историска и биографска критика, нова критика, формализам, руски формализам, структурализам, пост-структурализам, марксизам, феминизам, француски феминизам, пост-колонијализам, нов историцизам, деконструкција,критика насочена кон читателот, биографска критика и психо-аналитичка критика.
 
== Историја ==
Практикувањето на теоријата на литература стана професија во 20-тиот век, но таа има историски корени кои датираат уште од древна Грција (Аристотеловото дело “Поетика” често се наведува како ран пример за ова), древна Индија (“Натиа Шастра” на Барата Муни), средновековен Ирак (“ал-Бајан ва-л-табин” и “ал-Хајаван” на Ал-џахиз и “Китаб ал-Бади” на ибн ал-Му`таз ) и естетските теории на филозофите од античката филозофија преку 18 и 19 век, се значајни влијанија врз тековната книжевна наука. Теоријата и критиката на литературата се исто така блиску поврзани со историјата на литературата.
 
Модерната смисла на “теоријата на литературата”,сепак, датира од 1950-тите кога структуралната лингвистика на Фердинанд де Сосир започнала силно да влијае на книжевната критика на англиски јазик. Новите критичари и разни европски формалисти (особено руските формалисти) ги опишале некои од нивните поапстрактни напори како “теоретски”.
 
Во академскиот свет на Обединетото Кралство и САД, теоријата на литературата беше најпопуларна од доцните 1960-ти (кога нејзиното влијание почнуваше да се шири надвор од елитните универзитети како што се Џон Хопкинс и Јеил) низ 1980-тите (време кога теоријата на литературата се изучуваше насекаде во која било форма). Во текот на ова време, теоријата на литературата беше прифатена како врвна академска наука и повеќето универзитетски литературни одделенија се обидоа да учат и студираат теорија и да ја вклучат во нивните програми. Поради својот метеорски подем во популарноста и тешкотијата на јазикот на нејзините клучни текстови, теоријата беше исто така критикувана како занес или популарен опскурантизам (и многу академски сатирични новели во овој период, како оние на Дејвид Лоџ, видливо ја вклучуваат теоријата). Некои научници, теоретски и анти-теоретски, ги нарекуваат дебатите за академска заслуга на теоријата во 1970-тите и 1980-тите “војни на теоријата”.
52

уредувања

Прегледник