Разлика помеѓу преработките на „Едвард III“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Додадени 1.040 бајти ,  пред 9 години
нема опис на уредувањето
(нс)
 
Едвард III (13 ноември 1312 - 21 јуни 1377) (англиски: Edward III of England; француски: Édouard III d'Angleterre) бил еден од најуспешните англиски монарси во средниот век. Тој го вратил кралскиот авторитет по катастрофалното управување на својот татко, Едвард II, а Кралството Англија го претворил во едно од најсилните во Европа. За време на неговото владеење биле воведени големи законодавни реформи, особено во англискиот парламент. Периодот од неговото владеење бил одбележан од "црната смрт" - чума. Едвард III на англискиот трон се задржал 50 години.
 
 
Едвард за крал на Англија бил крунисан на 14 години по отстранувањето на татко му. На 17 години со државен удар, тој го отстранил својот регент, Роџер Мортимер, зазимајќи ја власта. Откако победил, без да тргне во поход кон Шкотска, тој се сметал за легитимен наследник на францускиот престол во 1337, по кое започнала Стогодишната војна. По неколку привремени неуспеси на почетокот, војната се развила исклучително добро за Англија. Англија издвојувала голема победа во Битка кај Креси|битката кај Креси и Битка кај Поатје (1356)|Поатје.
 
Тој бил наследен од страна на Ричард II.

Прегледник