Социјално вмрежување
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Социјално вмрежување (англиски: social networking) — создавање на виртуелни заедници најчесто засновани на определен мрежно место и алатките што ги нуди. Вакви заедници обично започнуваат така што група на основачи ќе ги поканат членовите на нивните кругови на пријатели и соработници да се приклучат. Новите членови го повторуваат процесот, со што го зголемуваат бројот на јазли и врски во мрежата. Мрежните места на ваквите социјални медиуми обично нудат апликации како автоматско дополнување на адресари, јавни профили (поединечни мрежни места) на корисници, можност за формирање нови врски преку „сервиси за запознавање“.
Некои социјални мрежи, го комбинираат поврзувањето преку интернет и со елементи надвор од него, како организирање настани и журки во кои членовите се среќаваат лице в лице. Така, „Мyspace“ е фокусиран на музика и филмови, а „Фејсбук“ на студентскиот живот. Поновите социјални мрежи стануваат уште поспецијализирани, наоѓајќи ја својата публика во тематски „ниши“ како сликарство, тенис, фудбал, голф, па дури и козметичка хирургија.
Иако некои од нив се организирани врз основа на деловни контакти со рестриктивен пристап до некои од податоците, повеќето социјални мрежи се јавни и дозволуваат било кому да се зачлени.