Прејди на содржината

Смешко

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Смајли)
Стандарден жолт смешко

Смешко (англиски: smiley) — поедноставен ликовен и графички приказ на човечкото лице со кој се изразуваат чувства. Ја симболизира насмевката.

Историја

[уреди | уреди извор]

Американскиот ликовен ументик и тогашен сопственик на рекламна агенција Харви Бол, го осмислил смешкото (на сликата) во 1963 година при спојувањето на фирма за осигурување со помала единица за осигурување, за да се расположат вработените кои биле вознемирени од ова здружување.

Смешкото е и типографски знак кој се прави од две точки, цртичка и заграда. Постојат и други верзии направени од други знаци.

Најстарата забележена употреба на смешкото или смајлито била во 1881 година во американскиот сатиричен магазин „Пак“. Тоа биле графички знаци сложени од реченични знаци со кои се изразувало смеење, изненадување, разочарување, лутење и слично. Во тоа списание, изнесен е како шеговита досетка, а не како утврден состав.

Францускиот новинар Франклин Луфрани, (1971) со смешко ги означувал добрите вести во новините. Истата година жолтиот насмеан смешко го заштитил како бренд/марка и го популаризирал со широка примена на разни употребни предмети.

Едноставните знаци или симболи и кои ги изразуваат чувствата и психичките состојби, се користат во писмената комуникација, кога се сака на едноставен и лесно разбирлив начин да се пренесат чувствата. Смешкото помага во изразување на тонот на гласот и изразот на лицето, што во писмената комуникација не е можно. Смајлите се особено популарни во комуникација преку интернет, каде и најмногу се користи.

Графички знаци за емоции

[уреди | уреди извор]
Во текст, смешкото се пишува легнато

Знаците за изразување на емоции и расположенија биле познати отпорано, но препознатливите знаци биле предложени за редовна употреба дури на 19 јуни 1982 година од Скот Фалман, американски научник, на универзитетскиот претходник на денешните мрежни форуми,на универзитетот Карнеџи Мелон во Питсбург, Пенсилванија. Оттогаш овие знаци почнале да се користат често.

Изворен запис на првата употреба на интерпункцискиот смешко

[уреди | уреди извор]
19-Sep-82 11:44 Scott E Fahlman :-)
From: <Scott E Fahlman Fahlman at Cmu-20c>

I propose that the following character sequence for joke markers:
:-)
Read it sideways. Actually, it is probably more economical to mark things that are NOT jokes, given current trends. For this, use
:-(

Значење на поедини смешковци

[уреди | уреди извор]

Смешковците во облик на знаци може да изгледаат вака:

Типографски смешко Значење
:-) класичен насмеан со нос
:) класичен насмеан без нос

Како смешко во облик на слика се користат вакви примери:

Смешко Објаснување Примери на пишување
Едноставен :) (: :] [: =) (= :-) (-:
Со исплазен јазик :P q: :p 1
Со голема насмевка :D :]] [[:

Напомена:
1 - кај ASCII тастатура