Слив

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Сливови)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пример за слив

Под поимот Слив се подразбира дел од територијата на која водите од атмосферски врнежи, од подземни води и извори се сливаат во еден водотек преку кој се влеваат во некое море. Во Македонија се: Егејски, Јадрански и Црноморски слив. Само мал дел од територијата на соседните земји (10%) припаѓа на овие сливови. Егејскиот слив опфаќа 87% од водите во република Македонија. Во Егејскиот слив припаѓаат сливовите на реките Вардар и Струмица. Во Јадранскиот речен слив припаѓаат реките Црн Дрим, Радика и Сатеска како и непосредниот слив на Охридското и непосредниот слив на Преспанското езеро.